|
|
Започна учебната година во Матејче
Скопје, 7ми ноември
Македонскиот центар за меѓународна соработка покрај
дистрибуцијата на градежен материјал за поправка на 172 куќи од прва категорија
во Матејче, успеа да рехабилитира шест училници во ОУ “Култура”, за да
може да започне новата учебна година.
Наставата симболично почна на 5 ноември, додека учениците утредента (6
ноември), иако со закаснување од два месеци, се вратија на своите училишни
клупи. Пред да влезат во училиштето експерт од екипата за деминирање им
одржа кратко предавање како да внимаваат на непознати предмети и опасноста
од мини. Инаку во училиштето наставата ја следат 940 ученици, етнички
Албанци, а набргу ќе почне да функсионира и градинката. Пред кризата во
ова училиште наставата ја следеле и 12 ученици, етнички Македонци. Наставата
ќе се одвива во три смени, но поради недостаток на електрична енергија
часовите мора да траат пократко.
|