|
|
Презентиран Акциониот план за реконструкција
на Координативното тело
Скопје, 5ти ноември
Координативното тело за справување со кризи, по направените
проценки на стручните тимови, го презентираше Акциониот план за реконструкција
на оштетените објекти во кризните региони, како и штетите во стопанството.
Од проценките е утврдено дека вкупните штети изнесуваат 75 милиони евра,
од кои 12 милиони евра се однесуваат на оштетувањата во енергетскиот систем,
3,06 милиони евра на патиштата и на железничкиот сообраќај, 0,43 милиони
евра на водоводната мрежа и 62 милиони евра на штетите направени врз градежните
објекти (куќи, јавни овјекти и сл.).
Како што изјави раководителот на владиното Координативно тело, Илија Филиповски,
ова е Акциониот план за реконструкција што треба да се презентира пред
донаторската конференција.
|