|
|
МЦМС и Ел хилал дистрибуираат пакети
за повратници
Скопје, 29ти октомври
Хуманитарната организација Ел хилал дистрибуира пакети за повратници (раселени
лица кои се враќаат во своите домови) од УНХЦР за 570 семејства за селата
Жеровјане, Боговиње, Пирок и Лавце. Пакетите содржат ќебиња, душеци, пластични
церади, градежни алатки, канистри за вода, кујнски прибор и хигиенски
средства.
Македонскиот центар за меѓународна соработка во село Арачиново дистрибуира
5,000 ќебиња, 300 душеци, 500 канистри за вода, 500 кујнски сета, 100
церади и 200 хигиненски пакети.
|