|
|
Се отвори НВО саемот
Скопје, 23ти октомври
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС),
Католичките служби за помош (CRS) и Институтот за трајни заедници (ИТЗ)
од 23 до 25 октомври во хотелот Александар Палас организираат саем на
невладини организации во Македонија. Целта на оваа манифестација е да
се промовираат невладините организации и целиот невладин сектор и да се
подобрат нивните односи со јавноста.
На саемот ќе присуствуваат околу 150 невладини организации од Македонија,
како и десетина меѓународни организации.
НВО Саемот ќе биде составен од три сегменти: изложбен дел, работилници
за обука и тркалезни маси, форуми и панели.
Повеќе информации можете да најдете на on-line
билтенот на НВО саемот.
Работното време на саемот е од 09,00 до 20,00 часот.
|