|
|
FAO и Американската влада обезбедија средства за надоместување на штетите
во земјоделието
Скопје, 18ти октомври
Организацијата за храна и заемјоделство при Обединетите
нации (FAO) обезбеди дистрибуција на првите пратки со зимска семенска
пченица и вештачко ѓубриво, помош наменета за македонските земјоделци
од подрачјата погодени со воени дејства и суша. Проектот кој треба да
започне утре е во соработка со Министерството за земјоделие, шумарство
и водостопанство, Земјоделските здруженија од Македонија и хуманитарните
организации "Care" и "Acteltd".
Организацијата за храна и земјоделие при ОН обрзбеди еден милион и 375
илјади долари за реализација на проектот. ФАО ќе учествува со 400 илјади
долари, додека остатокот од 975 илјади долари ги обезбеди американската
влада, односно агенцијата "OFDA".
Помошта наменета за 13,600 земјоделски семејства од Куманово, Тетово,
Гостивар, северниот дел на Скопје, како и за подрачјата погодени од суша.
Овие семејства ќе добијат по 150 килограми семенска пченица и исто толку
килограми вештачко ѓубриво.
|