|
|
Почнува деминирање на патните правци во Тетовско
Скопје, 15ти октомври
На подрачјето на Тетово, во регионот на општините Џепчиште,
Теарце, Вратница и Јегуновце, од денеска ќе се врши пребарување и деминирање
на патните правци и населените места. Деминирањето ќе се врши и на патниот
правец Тетово-Јажинце и на страничните патни правци.
Тимовите се организирани од страна на невладини организации, во соработка
со Одделението за цивилна заштита при Министерството за одбрана на РМ.
Активноста е координирана од страна на Владата на република Македонија,
Координативното тело за справување со кризи и локалните власти.
|