Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Достапни податоците на ИМГ од проценката на штетите
Скопје, 12ти октомври 2001 година

International Management Group (IMG), ги заврши проценките на штетите предизвикани за време на вооружените конфликти во Македонија, од март до септември 2001 година. ИМГ процени околу 60% од оштетените објекти и инфраструктура (куќи, училишта, амбуланти, електрична и водоводна мрежа). За подрачјата кои не се посетени, направени се проценки за претпоставени штети.

Картите со обележаните оштетени објекти, со дозвола на делегацијата на Европската унија, која ја финансираше проценката, сега се достапни за заинтересираните агенции кои ќе учествуваат во поправките, како и за пошироката јавност.

Податоците се објавени на интернет сајтот на ИМГ претставништвото во Скопје, на адреса: http://www.img.org.mk

Back to Main Menu