|
|
Извршена начелна поделба за поправки на куќи
Скопје, 11ти октомври
По извршената проценка на оштетените куќи во Скопско,
Кумановско и Тетовско, повеќе организации искажаа подготвеност да учествуваат
во поправката на куќите. Меѓународен комитет за спас/International Rescue
Committee (IRC) ќе врши поправки во Кумановско (6 села) и Тетовско (Лисец
и Гајре); Засолниште сега интернационал/Snelter Now International (SNI)
во Арачиново, Орланци, Мојанци, Грушино и Љуботен; Мовимондо во општина
Теарце (Теарце, Лешок и некои други села; Директна помош за децата/Children's
Aid Direct (CHAD) во Матејче (категорија 2 и 3) и Опае; Mercy Corps во
градот Тетово и селото Селце; Данскиот совет за бегалци/Danish Refugee
Council (DRC) во Шипковица; Германскиот црвен крст во Ропалце и Слупчане,
како и АДРА во Тетовскиот регион.
МЦМС ќе работи во Вратница и на потегот од Теарце кон Вратница, во Отља,
Матејче (категорија 1), и Радуша, додека во Лопате деновиве заврши дистрибуцијата
на градежни материјали и за втората група од 10 корисници (вкупно 18),
а во Брњарци дистрибуцијата за 13-те оштетени куќи е завршена.
Фокусот на сите агенции ќе бидат куќите со помали оштетувања (од категорија
1 и 2) и евентуално оние од категорија 3, кои може делумно да се санираат
пред зимата.
Принципот на поправка во најголем дел ќе биде самопомош, односно агенциите
ќе извршат дистрибуција на материјали, додека самите корисници треба да
ги извршат поправките.
|