|
|
Започнува првата фаза на поправка на училиштата
Скопје, 11ти октомври
На последниот координативен состанок на UNICEF, беа
утврдени можностите за поправка на оштетените училишта во кризните региони.
Во првата фаза ќе бидат рехабилитирани десет училишта (вкупно 12 објекти),
додека во втората фаза девет (13 објекти). Најголем дел од поправките
во училиштата ќе ги извршува Солидаритес со средства од ECHO, додека во
поправките ќе бидат вклучени Католички служби за помош/Catholic Relief
Services - CRS, World vision и Македонскиот центар за меѓународна соработка-МЦМС.
МЦМС ќе врши поправки на училиштата во Матејче и Слатино, а ќе изврши
проценка на штетите и во училиштето во Радуша.
|