|
|
Почна проценката на здравствената ситуација
во кризните подрачја
Скопје, 5ти октомври .2001
Министерството за здравство и Светската здравствена
организација, денес почнаа проценка на здравствената ситуација во кризните
подрачја. Беа формирано 13 тимови: Тетовско (5), Скопско (5) и Куамновско
(3), кои треба да проценат 98 објекти.
Со логистичка поддршка на Македонскиот центар за меѓународна соработка
една екипа на Медицинскиот центар од Куманово денес изврши проценка во
селата од Липковскиот регион (Никуштак, Липково, Слупчане, Матејче и Отља).
Со екипата беше и претставник на општина Куманово. За време на проценката
во селата беа присутни и претставници од месните заедници и дел од вработените
во амбулантите.
Според првичните проценки здравствените објекти се наоѓаат во тешка состојба.
Во сите посетени амбуланти недостасува инвентарот. Амбулантите, освен
во Липково, се делумно оштетени од гранати. Населението во липковскиот
регион има голема потреба од медицинска помош.
(држи го курсорот над фотографиите
за подетален опис)
|