Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Донација од 10,5 милиони евра за санација на штетите на електроенергетската инфраструктура
Скопје, 5ти октомври 2001

Вчера генералниот директор на Електростопанството на Македонија (ЕСМ), Ламбе Арнаудов и еврокомесарот за надворешни работи Крис Патен, потпишаа Договор за донација на 10,5 милиони евра, кои ќе бидат наменети за санација на штетите на електроенергетската инфраструктура, што беа предизвикани од воените дејствија во кризните региони.

Во рамките на првата фаза од реконструкцијата ќе бидат донирани 5,5 милиони евра, а останатите 5,4 милиони до средината на овој месец. Најпрво ќе бидат реконструирани далноводите, а потоа елетричната мрежа. Со оваа финансиска помош треба значително да се забрзат потребните реконструкции со што би се создале услови за санирање на вкупните состојби и за поскоро враќање на раселените лица во нивните домови.

Но, финансиската помош ќе зависи од потпишувањето на Рамковниот договор.

Back to Main Menu