Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Одржана работилница за брза проценка на здравствената ситуација во конфликтните подрачја
Скопје, 4ти октомври 2001

Вчера, во организација на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, беше организирана еднодневна работилница на тема “Брза проценка на здравствената ситуација во конфликтните подрачја”. Работилницата ја водеше д-р Ерик Донели од Женева. На семинарот присуствуваа претставници од здравствените домови од Скопје, Тетово и Куманово. Исто така присутни беа разни меѓународни агенции и невладини организации: WHO, ICRC (Меѓународниот комитет на црвениот крст), УНИЦЕФ, Арте интернационал, Американскиот црвен крст, како и домашните МЦМС и Ел хилал.

Во претпладневната сесија беше дискутирано за целите и подготовките за брза проценка на здравствената состојба, планирање и спроведување на проценката и презентација на резултатите. Претставниците на здравствените установи беа поделени на три групи (Скопје, Тетово и Куманово) каде се споделуваа веќе постоечките информации, анализа на употребливи човечки ресурси и логистика за имплементација на брзата проценка на здравството. На попладневната сесија, претставниците на здравствените установи го дополнуваа стандардниот прашалник на WHO/СЗО и додаваа свои забелешки.

Поради недостапност на здравствените работници на подрачја со ограничен пристап, со поддршка на домашни НВО кои веќе се присутни на теренот ќе се овозможи да се направи проценка на состојбите во здравството. Екипите ќе вршат проценка на установите и услугите на примарната здравствена заштита во медицинските центри/здравствените домови и амбулантите. Проценката ќе се врши во Скопскиот регион (46 објекти), Тетовскиот (31) и Кумановскиот (21) во петок, понеделник и вторник.

Македонскиот центар за меѓународна соработка ќе и овозможи на екипа на Медицинскиот центар од Куманово да врши проценка во селата од Липковскиот регион (Никуштак, Липково, Слупчане, Матејче и Лојане). Ел хилал со медицинските работници од Скопје ќе ги посетат селата од Скопкиот регион, додека ICRC/МКЦК со екипи на Медицинскиот центар од Тетово ќе вршат проценка во Тетовскиот регион.

Back to Main Menu