Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Основан Комитет за поправка и реконструкција
Скопје, 3ти октомври 2001

Денес, во Министерството за транспорт и врски се формираше Комитетот за поправка и реконструкција на (CRIM), кој го сочинуваат претставници од Министерството за транспорт и врски, Европската Унија, Амбасадата на САД, УНХЦР (Високиот комитет за бегалци на обединетите нации), IMG (Меѓународна менаџмент група) и агенциите кои ќе ги спроведуваат активностите: Македонскиот центар за меѓународна соработка, IRC (Меѓународниот комитет за спас), SNI (Засолниште сега интернационал), Mercy corps и Movimondo.

Комитетот ќе биде централно тело и ќе биде одговорен за целиот процес на поправка и реконструкција на објекти и патишта, вклучително: идентификација на оштетените подрачја и објекти и нивно приоретизирање, поддршка на конзистентен развој на програмите за помош, алокација на фондовите по подрачја, следење на напредокот во поправки/реконструкција, решавање на спорните прашања и известување за постигнатите резултати.

На првиот состанок, утврдено е членство во комитетот, известено е за напредокот во проценките и за започнатите проекти за поправка (Movimondo во Лешок, МЦМС во Лопате и Брњарци).

Back to Main Menu