Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Амбасадорот Ајник (САД) во посета на раселените лица
Скопје, 28.09.2001


Амбасадорот на САД во Република Македонија, Мајк Ајник, денес ги посети раселените лица во колективниот центар Олимписко село во Скопје, каде што во моментот се сместени 360 лица од Тетовското кризно подрачје, главно од општината Теарце.

Целта на посетата беше означување на почетокот на проектот за утврдување на приоритетните потреби на раселените лица за поддршка на нивното враќање во своите домови. Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Американската амбасада во Скопје, а во соработка на Американскиот комитет за бегалци (ARC), Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Првата детска амбасада Меѓаши, Ромската организација на жените Даја од Куманово, Сојузот на организациите на жените на Македонија и Организацијата на организациите на жените на Македонија.

Амбасадорот Ајник имаше можност да посети две семејства (Стојкоски), сместени во зградата и во еден од бунгаловите на комплексот Олимписко село, како и да има полу-часовна средба со претставниците на раселените лица од овој колективен центар: Владо Наумовски, Петко Ѓорѓевски и Виолета Србовска. Тие, во присуство и на управникот на колективниот центар и градоначалникот на општина Гази Баба (со чија помош беше организирано сместувањето во колективниот центар), го пренесоа сочувството со американскиот народ за настаните од 11 септември во САД и истакнаа неколку проблеми во врска со нивното враќање во своите места: безбедноста во самите села и на патот до нив, обновување на живеалиштата, но и на стопанските објекти во кои биле вработени поголем дел од жителите.

Амбасадорот Ајник изрази подготвеност за помош во решавањето на овие проблеми, исто така и за обнова на религиозните објекти, како и за другите потреби кои ќе произлезат од разговорите со раселените лица, во текот на спроведувањето на проектот чиј почеток тој го објави денес.

Инаку, МЦМС досега го помогна овој колективен центар со помош во храна за првите неколку дена од неговото отворање, како и со делумна санација на бунгаловите, за сместување на поголем број раселени лица.

Ambasadorot Ajnik so pretstavnicite na raselenite lica
Pretstavnici od raselenite lica, NVO i pechatot i Ambasadorot Ajnik
G-din Ajnik vo PC "Chichino Selo"
(држи го курсорот над фотографиите за подетален опис)

Back to Main Menu