|
|
Враќање на раселените лица во Липково
Куманово, 28.09.2001
За поттикнување на враќањето на раселените лица
во Липково, деновиве е основан Одбор за нивно организирано враќање. Одборот
го води Реџеп Шаќири. Одборот веќе има воспоставено соработка со Центарот
за кризен менаџмент околу овозможувањето организирано враќање на раселените
лица. Липково е една од најпогодените општини од судирите. Одборот бара
да се дозволи враќање на околу 7.000 раселените лица. За тоа е побарано
да се овозможи слободно движење, отварање на патните правци за селата
Лојане, Липково и Никуштак, обезбедување на редовна автобуска линија меѓу
Липково и Куманово и обезбедување на хуманитарна помош за повратниците.
Се очекува дека наскоро ќе бидат исполнети потребните услови.
|