|
|
Градење на мерки на доверба во тетовско
27 септември 2001
По неколкумесечните воени дејствија во северозападниот
дел на земјата, веќе започнаа првите контакти на луѓето од различна етничка
припадност. Еден таков пример претставува и средбата одржана на 26.09.2001,
каде под покровителство на Советот на Општина Теарце, во село Непроштено,
претставници на македонското и албанското население организираа средба,
каде тие разговарале за заедничко создавање на минимални услови за враќање
на протераните жители, нивната безбедност и за идниот соживот во заедничкото
село. Така што, Македонците и Албанците се договориле за заедничко ангажирање
за враќање на тројца киднапираните од Непроштено, како и оградување од
сите можни индивидуални и групни инциденти и криминали.
|