Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Европската унија ќе ја започне реконструкцијата на куќи во општина Теарце
Скопје, 24 септември

Европската Унија најавила започнување на поправките на оштетените куќи во општина Теарце, вклучително селата Теарце и Лешок. Фокусот би бил на куќите со категорија на оштетеност од 1-3 (мали и неструктурни оштетувања), но можно е да се почне и со реконструкција на куќи од категорија 4. Екипа за проценка веќе ги посетила локациите во петокот, 21 септември 2001 година, а се очекувало работите да започнат оваа недела. Акцијата потоа би продолжила и на околните села: Непроштено, Слатина, Џепчиште, Порој, итн.

Инаку, ЕУ прво ги поставила информативните табли за реконструкција во Лешок и Теарце, а дури потоа бил информиран УНХЦР, кој ги координира активностите за реконструкција, што претставувало изненадување за повеќето странски агенции.

Back to Main Menu