Донација од Јапонија за раселените лица
20 септември 2001
Амбасадата на Јапонија во Република Македонија
соопшти дека нивната влада додели милион долари помош за раселените лица
во Македонија. Помошта ќе биде дистрибуирана преку Високиот комесаријат
за бегалци (УНХЦР) и Меѓународниот црвен крст (ICRC).
Помошта била доделена како одговор на јапонската влада на апелот на УНХЦР
и ICRC до меѓународната зедница да донираат 24 милиони долари за раселените
лица во Македонија.
|