Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Почна поправката на оштетените објекти
20 септември 2001

Македонскиот центар за меѓународна соработка почна со активностите од програмата за поправка на објекти, (индивидуални куќи и јавна инфраструктура) со мали оштетувања. Активностите се состојат во обезбедување материјали за поправка на оштетувањата. Прво е направена категоризација на објектите, потоа детална проценка на оштетувањата и на крај се дистрибуираа потребните материјалии за поправка на објектите. Поправките треба да ги извршат самите корисници. Ова претставува прва поправка на куќи во Македонија, а ќе продолжи и понатаму таму каде што ќе има потреба од такви поправки.

На 19 септември МЦМС почна со првите поправки во село Лопате, кумановско, каде беа однесени 2 камиона градежни материјали за осум корисници, како за етнички Македонци (6) така и за етничките Албанци (2). Во Лопате се оштетни вкупно 20 куќи, од кои две се потполно разурнати, додека другите имаат делумни оштетувања. Селаните, сите без исклучок, се горди на нивниот заеднички живот, кој и сега треба да продолжи и да биде пример за другите.

Активностите се спроведуваат во координација со Координативното тело за справување со кризи и Високиот комесаријат за беглаци (УНХЦР). Средствата се обезбедени од донација на канадската Влада/ CIDA преку договор за соработка со УНХЦР. МЦМС каде е можно ќе го поддржи враќањето на раселените лица на разни начини, како со хуманитарна помош во храна, обезбедување на пристап и редовни посети до селата, како и помош за обновување на живеалиштата, за тие чии куќи се оштетени.

Istovar na gradezhniot materijal
Oshtetena vnatreshnost na kukja vo Lopate
Istovar na gradezhniot materijal
(држи го курсорот над фотографиите за подетален опис)

Back to Main Menu