Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости


Координативното тело го презентираше акциониот план
12 Септември 2001, Скопје


Координативното тело за справување со кризи при Владата на Република Македонија го презентираше акционит план за финансирање на приоритетните пројекти за реконструкција и санација на штетите настанати за време на конфликтот во Македонија. Европската Унија ќе издвои 30 милиони евра за оваа намена и се очекува тие да бидат одобрени од Европската комисија.

На Комисијата на Европската унија и се предложени четири приоритети за финансирање, кои ќе бидат неопходен услов за враќање на раселените лица во своите домови за создавање услови за градење на доверба помеѓу граѓаните од кризните подрачја. Станува збор за реконструкција на делови на енергетскиот систем во кризните подрачја, за што ќе се наменат 4,6 милиони евра, од кои 2,6 се за Арачиново и 2 милиона евра за Кумановско. Проценки не се правени во Тетовско и на Скопска Црна Гора.

Потоа, компензацијата на трошоците на семејствата што примиле раселени лица во висина од 5,86 милиони евра. Се работи за вкупно 9 илјади семејства што ќе добијат по 100 евра месечно од септември до јануари идната година.

За компензација на трошоците на студентите што не можеле да се сместат во студентските домови поради нивна зафатеност од раселените лица. Сума во висина од 0,2 милиона евра наменети за 1.600 до 1.800 студенти. Парите за три месеци се обезбедени од УНХЦР.

Во приоритетите е и реконструкцијата и рехабилитацијата на оштетените домови во делм од кризните подрачја каде што од безбедносен аспект се можни градежни активности во висина од 19,34 милиони евра. Во Скопско тоа се однесува на Арачиново, Брњарци, Љуботен и месноста Економија, во Тетовско – Порој, Џепчиште, Непроштено, Лешок и Теарце, и во Кумановско – Лопате, Опае и Матејче. Според проценките станува збор за 1.350 куќи. Работата би требало да се заврши во декември. Носител ќе биде Агенцијата за имплементација од ЕУ.

Back to Main Menu