Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Новости

Поправка на училиштето во Брњарци
10 Септември, 2001

Во рамките на активностите од програмата "Враќање на раселените лица" МЦМС започна со спроведувањето активности кои имаат за цел да придонесат во обновувањето на животот во подрачјата зафатени со неколкумесечните вооружени конфликти во Македонија.

Целта е да се поттикне и помогне процесот на враќање на раселените лица во своите домови, преку обезбедување на неопходните јавни функции во населените места во кои се враќаат луѓето. МЦМС обезбедува материјали и стручни лица за поправка на оштетените инфраструктурни објекти и инсталации.

Во таа насока, на 10ти септември 2001 година е завршена поправката на училиштето во селото Брњарци кое се наоѓа на еден километар од селото Арачиново.

Во текот на воените дејствија помеѓу македонските безбедносни сили и тнр. ОНА во с. Брњарци паднале дваесетина гранати. Неколку од нив завршиле во дворот на основносто училиште, при што е целосно уништена влезната врата, а скршени се сите прозорци, а штети се направени и внатре во училницата.

МЦМС ги идентификуваше штетите и започна со реконструкцијата на училиштето. Зградата на училиштето беше една од приоритетните поради почетокот на учебната година.

Во училиштето во кое се одржува настава до 4-то одделение ангажирана е само една наставничка. Таа се грижи за образовнието на 18 ученици од прво, трето и четврто одделение. "Освен влезната врата", ни изјави наставничката Цана, "заменети се и сите искршени прозорци и офарбана е дрвенаријата на прозорците и вратите, обелени се училниците и другите простории на училиштето така да сега наставата може да се одвива нормално. Од Министерството ни ветија дека ќе добиеме и нови клупи и столчиња за децата".

Засега, наставата не ја посетуваат сите деца, затоа што дел од нив со нивните родители сеуште се надвор од селото. Меѓутоа, жителите на Брњарци се надеваат дека нивните комшии деновиве ќе се вратат назад во своите домови.

Izdupcheniot dzid na uchilishteto
Praznata uchilnica gi ochekuva uchenicite
Uchilnicata po popravka
(држи го курсорот над фотографиите за подетален опис)

Back to Main Menu