Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 28-от координативен состанок
и април 2002

На седницата е утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Претседавачот)
2.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ 3.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН , донори)
4.Скорешен развој на активностите (ОЦХА)
5.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (МЦМС, Ел Хилал)
6.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
7.
Разно

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните
Боге Чадиновски ги поздрави присутните напоменувајќи дека Центарот за кризен менаџмент инсистира на неделни извештаји од агенциите активни на терен со цел поголема прегледност на дистрибуцијата на хуманитрната помош како и подобра координација. Се има впечаток дека активностите се намалуваат иако сега кога сите напори се насочени кон што поскоро враќање на ВРЛ дома треба да се интензивира помошта во храна, градежни материјали за реконструкција на куќите како и дистрибуција на земјоделски семени материјали.

УНХЦР се согласи со забелешката на претседавачот нагласувајќи дека сите координативни механизми треба да продолжат , како и напорите за изнаоѓање на дополнителни средства за неопходните хуманитарни активности.

ОЦХА информираше за напорите на агенциите на ОН за обезбедување на доволно средства за активностите за деминирање, реконструкција на преостанатите оштетените куќи од 3 и 4 категорија, како и обезбедување на земјоделски семени материјали, бидејќи токму овие неколку фактори се едни од причините кои го отежнуваат враќањето на раселените лица во нивните домови.

2.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ
ИЦРЦ информираше дека е извршена дистрибуција на храна во селата Опае, Алашевце и Лукаре, а во тек е дистрибуцијата во Брест. Дерегистрацијата која ја спроведува Македонскиот црвен крст, продолжува и се очекува вкупно намалување на бројот на ВРЛ. Статусот на раселено лице ќе го задржат само оние кои имаат оштетени куќи од 3 и 4 категорија.

3.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН, донори)
УНХЦР продолжува со поддршка на слободата на движење преку 12 автобуски линии активни во кризните региони. Во тек е втората фаза на дистрибуција на градежни материјали наменети за поправка на дополнителни 600 куќи И и ИИ категорија со која сите оштетени куќи во овие две категории ќе бидат покриени.

УНИЦЕФ го комлетирал реновирањето на 8 училишта од започнатите 9.

ЊХО информираше дека два мобилни медицински тимови на Американскиот црвен крст работат во селата Матејче, Никушатк и Слупчане. ЊХО донирал мебел, а се очекува наскоро да пристигне и основната медицинска опрема.

Веднаш по поправката на амбулантата која се наоѓа помеѓу Ваксинце и Лојане, со работа ќе започне дополнителен мобилен тим, а ЊХО ќе го обезбеди истите услови за работа како и за гореспоменатите три амбуланти.

Во тек се преговори со ИРЦ за обезбедување на дополнителни медицински тимови кои би работеле во Арачиново, Радуша, Лојане и Куманово.

4.Скорешен развој на активностите (ОЦХА)
Транзициониот процес продолжува и се одржуваат редовни двонеделни или едномесечни состаноци како на старите така и на новооформените секторски групи (Проекти за заедниците, Легална рамка и Помош на малите бизниси).

5.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (МЦМС, Ел Хилал)
Ништо.

6.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
Советот на интернационални невладини организации информираше дека во соработка со Институтот Отворено Општество-СОРОС и локалната невладина координација е изработен проект за собирање на информациите и вклучување на сите ревелантни невладини организации, кој ќе започне на 15 мај а ќе биде финализиран со Конгрес на невладини организации, во средината на октомври.

7.Разно
До Министерството за труд и социјала било доставено барање за помош во храна од повратниците во селата Теарце и Думановце.

Претседавачот апелираше за хитна дистрибуција на храна (доволна за 2-3 месеци) на повратниците.

УНХЦР ја истакна неопходноста од континуирана координација, нагласувајќи го значењето на овој состанок, со предлог да националната хуманитарна координација го следи распоредот на останатите секторски состаноци кои се одржуваат двонеделно до едномесечно и следниот состанок биде закажен во Јуни.

 

Претходни извештаи

Back to Aid