Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 27-от координативен состанок
18ти април 2002

На седницата е утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Претседавачот)
2.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ 3.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН , донори)
4.Скорешен развој на активностите (ОЦХА)
5.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (Сојузот на жени на Р.Македонија)
6.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
7.
Разно

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните
Боге Чадиновски ги поздрави присутните напоменувајќи дека и понатаму сите напори треба да бидат насочени кон што поскоро враќање на ВРЛ во нивните домови. Присутните агенции беа поканети да дата краток преглед како на изминатите така и за планираните активности.

2.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ
ИЦРЦ информираше дека поради гласините за наводно враќање на голем број луѓе во селата во Скопска црна гора (Брест, Малино Маало и Лукаре) нивните тимови извршиле проценка, според која во с. Брест има вкупно 280 жители (100 нововратени) во с. Малино Маало 20 (14 нововратени) и во с. Лукаре 68 жители од кои дури половина, 30, се скоро дојдени.

Во тек е дистрибуцијата на храна за ВРЛ сместени во колкетивните центри.

Дерегистрацијата кој ја спроведува Македонскиот црвен крст, продолжува и се очекува вкупно намалување на бројот на ВРЛ.

3.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН, донори)
УНДП информираше дека е минатиот викенд била комплетирана рехабилитација на системот за водоснабдување на Центарот Титови Пионери во Дојран.

Истотака беше претставен и Г-н Ким Јохнсон.

СЗО информираше дека двата мобилни медицински тимови на Американскиот црвен крст наменети за обезбедување на примарна здравствена заштита на населението и повратниците во липковскиот крај, започнале со работа на 16 април. Одзивот на пациентите е голем, но прашањето за финансиска комензација на препишаните лекови како и упатувањето на специјалистички прегледи сеуште останува отворено. Министерството за здравство во соработка со Медицнски-от центар Куманово ќе се обидат да најдат заедничко решение по ова прашање.

Реновирањето на амбулантата во село Радуша е комплетирано и сега се очекува Министерството за здравство да назначи лекар .

УНИЦЕФ реше дека дистрибуцијата на училишен материјал во 127 основни училишта како во кризните региони така и во училиштата каде имало голем прилив на ВР деца-ученици е комплетирана. Следната недела ќе започнат со рехабилитација на 9 училишта.

Минатата недела имплементирачките партнери на ЕЦХО ја започнале дистрибуцијата на компирово семе. Завршени се поправките на училиштата и амбулантите во селата Гошинце, Ваксинце и Лојане.

Истотака продолжува и дистрибуцијата на храна на ВРЛ сместени во семејства домаќини, во реализација на нивниот имплементирачки партнер ИнтерСос.

ЊФП информираше дека ИЦРЦ/МЦК ќе продолжи да ги снабдува со храна ВРЛ сместени во колективните центри, додека ИнтерСос ќе продолжи да дистрибуира храна на ВРЛ сместени во семејства-домаќини .

ИОМ продолжуваат со поддршка на 215 ВРЛ сместени во колкетивните центри во Куманово за кои се обезбедени месечни бесплатни карти за автобуски превоз.

4.Скорешен развој на активностите (ОЦХА)
УНХЦР инфомираше дека е започнатат втората фаза за поправка на дополнителни 600 куќи И и ИИ категорија, со која сите оштетени куќи во овие две категории ќе бидат покриени. Преостануваат уште 900 куќи кат ИИИ и ИВ, за кои досега се нема обезбедено средства. Неопходноста за итно изнаоѓање на средства како и рехабилитација на куќите, ќе има голем допринес во градењето на меѓусебната доверба и побрзото враќање на раселените лица.

Активностите за деминирање и понатаму остануваат како еден од главните приоритети на дневниот ред. Меморандумот за разбирање помеѓу владата и Канцеларијата за активности за деминирање на ОН и интернационалните организации Хандицап Интернатионал и ЦАРЕ, се очекува да биде потпишан неделава со што би се овозможило дополнително активирање на 12 тима за деминирање.

Сеуште останува отворено прашањето за изнаоѓање на дополнителни средства за потребите за деминирање, бидејќи од него зависат и поправките на куќите и враќањето на полицијата во преостанатите 15 села.

ОЦХА во соработка со агенциите на ОН во земјата подготви полугодишен извештај на Заедничкиот апел и потребни се дополнителни 22 милиони долари за реализација на планираните активнсти до крајот на годината.

Транзициониот процес продолжува и се одржуваат редовни состаноци како на старите така и на новооформените секторски групи (Проекти за заедниците, Легална рамка и Помош на малите бизниси).

Крајната цел на овој процес е постепен преод од хуманитарна помош во поонатамошни развојни активности во секој сегмент на живеењето.

5.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (Сојузот на жени на Р.Македонија)
Претставникот на Локалната координација потенцираше дека 12 невладини организации се членки на ова тело, апелирајќи за подобра соработка и координација помеѓу домашните и интернационалните невладини организации, како еден од начините за градење на меѓусебната доверба и враќањето на ВРЛ.

Сојузот на жени на Р.Македонија потенцираше дека потребно е да се обрне внимание и на фактот дека на повратниците им е неопходна и основната покуќнина и треба да се изнајде начин за помош и во оваа смисла.

6.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
Советот на интернационални невладини организации информираше дека во соработка со Институтот Отворено Општество-СОРОС и локалната невладина координација е изработен 4 месечен проект за собирање на информациите и вклучување на сите ревелантни невладини организации, кои ќе финализира во октомври месец со Конгрес на невладини организации со изработка на “бела книга” за потребите на земјата која ќе биде презентирана пред сите релевантни домашни и интернационални актери.

Присутните беа извесетени дека Советот на интернационалните невладини организации ги преместил своите канцеларии на нова локациија. За новата адреса и телефонски броеви ќе бидат дополнително информирани сите партнери.

7.Разно
Ништо

 

Претходни извештаи

Back to Aid