Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 26-от координативен состанок
и април 2002

На седницата е утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Претседавачот)
2.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ 3.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН , донори)
4.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации
(МЦМС, Ел Хилал)
5.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
6.Разно

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните
Флора Латифи ги поздрави присутните информирајќи ги за протестот на работниците од фабриките загубари пред Собранието, со надеж дека оваа манифестациоја на незадоволство ќе мине без инциденти.

2.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ
ИЦРЦ информираше дека вкупно 295 лица-жители на Горнореканскиот крај, гостиварско, ги подигнале пакетите со помош во храна, дистрибуирани минатата недела.

Во тек е процесот на дерегистрација кој го спроведува Македонскиот црвен крст и се очекува вкупно намалување на бројот на ВРЛ. Токму затоа и се затворени два колективни центри во Дојран и преостанатите ВРЛ се сместени во Негорски бањи, Гевгелија и одморалиштето на Македонскиот црвен крст во Дојран.

3.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН, донори)
УНХЦР инфомираше дека теренските тимови продолжуваат со своите секојдневни активности во кризните региони. Дистрибуцијата на градежните материјали за поправка на околу 600 куќи кат. И и ИИ е во тек Материјалите ги дистрибуираат имплементирачките партнери на УНХЦР, Данскиот совет за бегалци и ИРЦ. Втората фаза за поправка на дополнителни 600 куќи И и ИИ ќе започне во мај. Дистрибуцијата на долна облека наскоро ќе биде комплетирана.

Како допринес кон градењето на меѓусебната доверба и поскоро враќање на ВРЛ во нивните домови, УНХЦР вчера организираше состанок помеѓу двете етнички заедници од село Матејче. Со цел олеснување на слободата на движење, УНХЦР ќе воспостави автобуска линија која еднаш дневно ќе сообраќа на релацијата Куманово-с. Матејче.

Што се однесува до проектите со брзо дејство (Љуицк Импацт Пројецтс-ЉИПс), редовно секоја недела се одржуваат состаноци на комитетот за избор и одобровување на проекти, а започната е и имплементацијата на неколку.

ЊХО информираше дека до среда следната недела ќе биде обезбеден мебелот за реновираните амбуланти во Липковксиот регион и се очекува да започнат со работа двата мобилни тима на Американскиот црвен крст во селата Матејче, Никуштак и Слупчане.

5.Скорешен развој на активностите на локалната хуманитарна координација Претставникот на Локалната координација на домашните невладини организации потенцираше дека во Липковскиот регион има околу 30.000 жители за кои треба да се обезбеди адекватна медицинска заштита.

Истотака беше упатена забелешка до Македонскиот црвен крст дека ВРЛ од липковскиот регион, сместени во семјства домаќини не добиле довлно помош.

Уште еднаш беше упатен апел за подобра соработка и координација помеѓу домашните и интернационалните невладини организации, со цел надминување на проблемите и обезбедување на помош на лицата кои имаат потреба.

6.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)
Советот на интернационални невладини организации информираше дека Советодавниот комитет за проценка, кои има две работни подгрупи, продолжува со прибирањето на податоци за стратегијата и идните развојни планови и потреби на државата.

Со цел изнаоѓање на најдобар можен начин за собирање на информациите и вклучување на сите ревелантни невладини организации, Советот на интернационалните невладини организации имал средба со локалната невладина организација МЦМС, а следниот понеделник договорен е состанок со Институтот отворено општество-Сорос.

7.Разно
Ништо

 

Претходни извештаи

Back to Aid