Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Национална Хуманитарна Координација

Записник

од 25-от координативен состанок
21ми март 2002

На седницата е утврден следниот

ДНЕВЕН РЕД

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Претседавачот)
2.
Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Кабинет на претседателот)
3.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ 4.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН , донори)
5.Скорешен развој на активностите на ООН (ОЦХА )
6.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (Сојуз на организации на жени на Република Македонија, Ел Хилал)
7.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации) 8.Разно

1.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните
Боге Чадиновски ги поздрави присутните информирајќи ги за состанокот одржан претходниот ден помеѓу градоначалниците на општина Липково и Куманово, преставникот на ВР срби од с. Матејче, преставници на ОБСЕ, ТФФ и ЕУММ, на кој било договорено во сабота во 11ч да биде организирана посета на село Матејче, за да ВРЛ ги видат своите имоти и нивнатат состојба. За таа цел Центарот за кризен менаџмент побарал од УНХЦР да обезбеди 4 автобуси за транспорт на ВРЛ од колективните центри до с. Матејче.

Се очекува на вечерашниот редовен состанок на Центарот за кризен менаџмент, УНХЦР да каже дали е во можност да обезбеди автобуси или не.

Ако оваа посета помине во ред тогаш, од УНХЦР ќе биде побарано да организира редовен транспот (два автобуса дневно) за потребите на селаните од Матејче.

Како и да е оваа иницијатива е за поздравување и оди во прилог на обнова и зајакнување на меѓусебната доверба.

Претседавачот апелираше до МЦК да на ВРЛ-земјоделци кои сеуште не се вратени во своите домови, а не се здобиле со статус на раселени лица при последната ре-регистрација, им биде поделена помош.

Присутните беа информирани дека е приготвена бришура со наслов “А што е тоа рамковен договор”, наменета за учениците од основните училишта. Брошурата има цел да на едноставен начин им го приближи на децата рамковниот договор, со цел градење на меѓусебната доверба. Брошурата ќе биде испечатена на македонски, албански и англиски јазик.

2.Преглед на состојбата и скорешен развој на настаните (Кабинет на претседателот)
Претставникот на кабинетот на престедателот извести за иницијативата за мир која била поддржана од интернационални и локални невладини организации, како и женски невладини организации, резлизирана денес на пладне со манифестација на плоштадот во Скопје во присуство на ученици од основните училишта од општина Центар.

Присутните беа известени дека во кабинетот на престедателот е пристигнато барање од ВРЛ од селата во Скопска црна гора (Танушевци, Брст и Малина Маала) за организација на конвој за посета на нивните куќи.

3.Преглед на активностите на Македонскиот црвен крст и ИЦРЦ/ИФРЦ
ИЦРЦ информираше дека звршена дистрибуцијата на храна за овој месец, за ВРЛ сместени во колективните центри. За следната недела е планирана дистрибуција на храна на населението во Горнореканскиот крај, гостиварско.

4.Скорешен развој на активностите (Агенции на ОН, донори)
УНХЦР инфомираше дека е комплетирана дистрибуцијата на огревно дрво. Завршена е техничката и социјална проценка на 614 куќи кат. И и ИИ. Дистрибуцијата на градежните материјали е планирана да започне неделава. Втората фаза за поправка на дополнителни 600 куќи И и ИИ ќе започне во мај. Што се однесува до проектите со брзо дејство (Љуицк Импацт Пројецтс-ЉИПс), на одржаните два состаноци на комитетот за избор и одобровување, одобрени се 11 проекти.

При набавката на градежните материјали, УНХЦР секогаш се труди да тие бидат од македонски производители и фирми, ако понудените цени се конкурентни на цените на другите (странски) производители и фирми.

УНДП инфомираше дека ќе започнат со рехабилитација на системот за водоснабдување на Центарот Титови Пионери во Дојран.

5.Скорешен развој на активностите на ООН (ОЦХА)
УНИЦЕФ продолжува со втората фаза на дистрибуција на училишен мебел во училиштата во кризните региони, која наскоро ќе биде комплетирана.

УНИЦЕФ ќе започне пилот проект за градење на толеранција и мирно решавање на конфликти во Пионерскиот дом во Тетово.

ЊХО заедно со претставници на Министерството за здравство, ја посетиле амбулантата во Радуша. Претставниците на министерството побарале да бидат направени мали поправки и измени на објектот, за да веднаш потоа биде издадена согласност од министерството за работа. ЊХО веќа ја има нарачано основната опрема како за оваа амбуланта така и за амбулантите во селата Матејче , Никуштак и Слупчане (реновирани од Солидаретес ) во кои за едно 10 дена ќе започнат со работа мобилните тимови на Американскиот црвен крст.

ФАО информираше дека е завршена дустриубицијата на сточна храна. Во тек се подготовки за дистрибуција на пченкарно семе во тетовско и гостиварско, а компирово семе ќе биде дистрибуирано во скопско и кумановско.

6.Скорешен развој на активностите на локалните невладини организации (Сојуз на организации на жени на Република Македонија, Ел Хилал )
Ел Хилал и Сојузот на жени на Р.Македонија, ја поздравија пораката за мир иницирана од кабинетот на претседателот, нагалсувајќи дека во иднина треба и невладините организации македонски и албански да работат заедно и им помагаат на сите подеднакво.

Ел Хилал се во очекување на пратка на училишен мебел, како и пратка на храна и облека, која е помош од иселениците од Виена. Беше побарано од македонскиот црвен крст , да ја провери состојбата во нивниот огранок во Тетово, бидејќи многу ВРЛ се жалеле на нерегуларности при дистрибуцијата на хуманитарна помош.

Сојузот на жени на Р.Македонија потенцираше дека сега треба сите зеднички да работат на враќањето на меѓусебната доверба и градење на добрососетски односи. Истотака да се работи и со преостанитите ВРЛ сместени во колективни центри и семејства, за да се види кои се причините за невраќање и како тие да се надминат.

Потребно е да се обрне внимание и на фактот дека освен што разрушените куќи се рехабилитирани, сепак ништо од покуќнината намаат (или е ограбени или опожарена) и треба на повратниците да им се помогне и во оваа смисла.

7.Скорешен развој на активностите на интернационалите невладини организации (Совет на интернационални невладини организации)

Советот на интернационални невладини организации информираше дека како резултат на започнатиот процес на транзиција воведен е нов сектор -Помош на малите бизниси, чиј прв состанок бил одржан денес.

8.Разно
Ништо

 

Претходни извештаи

Back to Aid