English

 
 
 
 
 
 
 
 
 
  Појаснување за ДДВ при спроведувањето хуманитарни акции

ПОЈАСНУВАЊЕ
ЗА ДДВ ПРИ СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


А) НАБАВКА НА ДОБРА И КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

1.Набавка на добра и користење на услуги во Република Македонија од хумнитарна организација која нема статус на меѓународна организација
1.1. за хуманитарни цели во земјата
1.2. за хуманитарни цели во странство

2.Набавка на добра и користење на услуги во Република Македонија од хуманитарна организација која има статус на меѓународна организација
2.1. за хуманитарни цели во земјата и
2.2. за хуманитарни цели во странство

3. Набавка на добра во Република Македонија од странски субјекти со цел донирање на домашни хуманитарни организации за хуманитарни цели во земјата (извозно-увозно царинење без преминување на царинската линија).

Б) УВОЗ НА ДОБРА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

4. Увоз на добра за хуманитарни цели во Република Македонија од хуманитарна организација која нема статус на меѓународна организација
4.1. кога домашната хуманитарна организација ги набавува во странство
4.2. кога домашната хуманитарна организација ги прима како донација од странство

5. Увоз на добра за хуманитарни цели во Република Македонија од хуманитарна организација која има статус на меѓународна организација.


А) НАБАВКА НА ДОБРА И КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

1.
Набавка на добра и користење на услуги во Република Македонија од хуманитарна организација која нема статус на меѓународна организација

1.1. за хуманитарни цели во земјата

Според Законот за данокот на додадена вредност (,,Службен весник на РМ, број 44/99 до 8/2001, во понатамошниот текст: ЗДДВ), предмет на оданочување е прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата (член 2, точка 1 од ЗДДВ).

Кога хуманитарна организација регистрирана во Република Македонија набавува добра, односно користи услуги во земјата, од регистриран даночен обврзник за целите на ДДВ, станува збор за оданочив промет во земјата, којшто согласно со горенаведениот член од законот, подлежи на оданочување. Тоа значи дека хуманитарната организација ги набавува добрата, односно ги користи услугите, со пресметан ДДВ во фактурата.


1.2. за хуманитарни цели во странство

Кога хуманитарна организација регистрирана во Република Македонија набавува добра во земјата, од регистриран даночен обврзник за целите на ДДВ, станува збор оданочив промет во земјата, којшто согласно со член 2 од законот, подлежи на оданочување. Тоа значи, дека, хуманитарната организација ги набавува добрата со пресметан ДДВ во фактурата.

Но, кога хуманитарната организација истите добра ги изнесува во странство и таму ги употреби за хуманитарни, добротворни или образовни цели, има право да поднесе барање за враќање на ДДВ (член 47 од ЗДДВ). Враќањето на ДДВ го врши УЈП - Регионалнна дирекција - Скопје во рок од 30 дена од денот на поднесеното барање за враќање, по процедура пропишана во член 12 од Правилникот за спроведување на ЗДДВ (,,Службен весник на РМ" , бој 65/99 до 66/2000).

2. Набавка на добра и користење на услуги во Република Македонија од хуманитарна организација која има статус на меѓународна организација

2.1. за хуманитарни цели во земјата

Кога хуманитарната организација во Република Македонија има статус на меѓународна организација (таквиот статус го потврдува Министерството за надворешни работи), набавува добра, односно користи услуги во земјата, од регистриран даночен обврзник за целите на ДДВ, тоа е оданочив промет во земјата, кој подлежи на ДДВ. Тоа значи, дека, хуманитарната организација ги набавува добрата, односно ги користи услугите, со пресметан ДДВ во фактурата.

Но, меѓународната организација има право да поднесе барање за враќање на ДДВ (член 49 од ЗДДВ), преку Министерството за надворешни работи до Управата за јавни приходи. Враќањето на ДДВ го врши УЈП - Регионална дирекција - Скопје во рок од 30 дена од денот на поднесеното барање за враќање, по процедура пропишана во член 14 од Правилникот за спроведување на ЗДДВ (,,Службен весник на РМ" , бој 65/99 до 66/2000).


2.2. за хуманитарни цели во странство

Кога хуманитарната организација во Република Македонија, која има статус на меѓународна организација, набавените добра во земјата со пресметан ДДВ ги изнесува за хуманитарни цели во странство го остварува, исто така, правото на враќање на ДДВ наведено во претходната точка под 2.1.

3. Набавка на добра во Република Македонија од странски субјекти кои им се донираат на домашни хуманитарни организации за хуманитарни цели во земјата (извозно-увозно царинење без преминување на царинската линија)

Со цел да се оствари рамноправен третман на добрата од домашното производство со оние од увоз, при донациите од странство, странските лица можат добрата да ги набавуваат во Република Македонија без да им биде пресметан ДДВ, со користењето на механизмот извозно-увозно царинење без преминување на царинската линија. Овој механизам е предвиден во член 9, став 2 од Законот за надворешно-трговското работење (,,Службен весникм на РМ", бој 31/93 до 4/2001) и се спроведува по добивање на одобрение од Министерството за економија. Ова одобрение се добива по поднесено барање од македонската фирма, а во прилог ги доставува потребните докази.

Од аспект на ДДВ, во овој случај, испораката на добра од македонската фирма кон странската хуманитарна организација се третира како извоз, кој е ослободен од ДДВ по член 24, точка 1 од ЗДДВ. За документирање на ова ослободување од ДДВ, македонската фирма ќе располага со царински документ за извршен извоз.

Домашната хуманитарната организациаја, истите добра ќе ги прими како странска донација и ќе ги употреби за хуманитарни цели во земјата. Оваа странска донација ќе биде ослободена од плаќање на ДДВ, согласно со член 27, став 1, точка 10 од ЗДДВ.




Б) УВОЗ НА ДОБРА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

4. Увоз на добра за хуманитарни цели во Република Македонија од хуманитарна организација која нема статус на меѓународна организација

4.1. кога домашната хуманитарна организација ги набавува во странство


Кога домашната хуманитарна организација увезува добра од странство и за нив создава обврска за плаќање во странсто, при увозот на добрата се пресметува ДДВ.

4.2. кога домашната хуманитарна организација прима донација од странство

Кога домашната хуманитарна организација увезува добра од странство и за нив не создава обврска за плаќање во странсто, односно ги прима како странска донација, при увозот на добрата не се пресметува ДДВ. Ова ослободување од ДДВ се остварува по член 27, став 1, точка10 од ЗДДВ.


5.Увоз на добра за хуманитарни цели во Република Македонија од хуманитарна организација која има статус на меѓународна организација

Кога хуманитарна организација, која има статус на меѓународна организација, увезува добра за хуманитарни цели во Република Македонија, не се пресметува ДДВ по член 27, став 1, точка 6 од ЗДДВ.

Nazad kon Pomosh