Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Позадина на  итноста бр. 15/2002

ПОЗАДИНА НА ИТНОСТА БР. 15/2002

1 јули - 7 јули 2002 година

БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Заврши ограниченото патролирање.
Во тетовските села Порој, Џепчиште, Ѓермо, Вејце, Шемшово, Озормиште, Палатица и Требош заврши ограниченото патролирање на етнички мешаните полициски патроли. Така, се исполнија условите за 24-часовно присуство на полицијата во тие села. со што се заокружува процесот на реинтеграција на сите 72 населени места во тетовскиот регион. Од 142 населени места што беа опфатени со Планот за враќање на полицијата, реинтеграцијата заврши во 140 места.

Уапсен осомничениот за малтретираните работници во минатата година.
На 2 јули како што соопшти Министерството за внатрешни работи во близина на селото Вратница е уапсен главниот осомничен за киднапирањето и малтретирањето на четворицата работници од претпријатието “Маврово” во минатата година.

Деблокиран граничниот премин Блаце.
На 3 јули граничниот премин Блаце беше неколку часа блокиран од страна на етнички Албанци поради приведувањето на тројца поранешни припадници на ОНА. По завршената предистражна полициска постапка МВР, ги пуштила на слобода, по што беше деблокиран граничниот премин.

Жителите на Танушевци се вратија во нивните домови.
На 5 јули етнички мешаните полициски патроли, во придружба на претставниците на меѓународните организации влегоа во скопското село Танушевци. Во селото се врати и една група на граѓани кои решија да останат во нивните домови.

Ќе се зголеми бројот на странските набљудувачи за изборите.
Во Македонија, според Канцеларијата за демократски институции и човекови права, се предвидува да дојдат 750 краткорочни и 50 таканаречени долгорочни набљудувачи. Македонската полиција и НАТО лисиците ќе се грижат за безбедноста на набљудувачите на ОБСЕ за време на македонските парламентарни избори.

Патен повика на слободни избори.
На 3 јули во Македонија престојуваше европскиот комесар за надворешни прашања Кристофер Патен, кој ги повика македонските политичари да обезбедат престојните парламентарни избори да бидат фер и мирни.

Познат претседателот на Државната изборна комисија.
Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, по завршените консултации со партиите потписнички на Охридскиот договор, на 3 јули ја назначи Мирјана Лазарова-Трајковска за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Додека нејзин заменик ќе биде Сафет Алиу, судија во Врховниот суд. Политичките партии потписнички на Рамковниот договор, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП во рок од пет дена треба да ги предложат другите членови на ДИК.

Распишани парламентарните избори во Македонија.
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, на 4 јули го потпиша решението за одржување на парламентарните избори на 15 септември.

Регистрирана партијата на Ахмети.
Демократската унија за интеграција е запишана како шеесетта политичка партија во земјата. Нејзин претседател е Али Ахмети. Во Основниот суд во Скопје велат дека партијата ги имала сите потребни документи за нејзина регистрација.

 

 

Претходни извештаи

  • Позадина на итноста бр. 14/2002 [ 27 мај - 9 јуни]
  • Позадина на итноста бр. 13/2002 [ 20 мај - 26 мај]
  • Позадина на итноста бр. 12/2002 [ 13 мај - 19 мај]
  • Позадина на итноста бр. 11/2002 [8 април - 14 април]
  • Позадина на итноста бр. 10/2002 [1 април - 7 април]
  • Позадина на итноста бр. 09/2002 [25 март - 31 мартј]
  • Позадина на итноста бр. 08/2002 [18 март - 24 март]
  • Позадина на итноста бр. 07/2002 [11 март - 17 март]
  • Позадина на итноста бр. 06/2002 [4 март - 10 март]
  • Позадина на итноста бр. 05/2002 [25 февруари - 3 март]
  • Позадина на итноста бр. 04/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 03/2002 [11 февруари - 17 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 02/2002 [4 февруари - 10 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 01/2002 [28 јануари - 3 февруари
  • Позадина на итноста бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Позадина на итноста бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Позадина на итноста бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Позадина на итноста бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Позадина на итноста бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Позадина на итноста бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Позадина на итноста бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Позадина на итноста бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Позадина на итноста бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Позадина на итноста бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Позадина на итноста бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Позадина на итноста бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Позадина на итноста бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Позадина на итноста бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Позадина на итноста бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Позадина на итноста бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Позадина на итноста бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Позадина на итноста  бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News