Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Позадина на  итноста бр. 14/2002

ПОЗАДИНА НА ИТНОСТА БР. 14/2002

27 мај – 9 јуни 2002 година

БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Привршува првата фаза за враќање на полицијата во кризните региони.
Од генералниот план за враќање на полицијата во кризните региои остануваат уште три скопски и осум кумановски села. На 27 мај етнички мешаните полициски патроли почнаа да патролираат во пет од преостанатите осум, кумановски села: Стрима, Думановце, Лукаре, Гошинце и Извор.

Оштетени тринаесет објекти во Тетово.
На 30 мај во Тетово била фрлена бомба пред стоматолошка ординација, сопственост на етнички Албанец. Од експлозијата биле оштетени 13 објекти. Експлозијата причинета голема материјална штета.

Експлодираше една, а пронајдени уште две рачни бомби.
Кај манастирскиот комплекс "Света Богородица", над кумановското село Матејче, на 2 јуни експлодирала подметната рачна бомба. Во непосредна близина на комплексот биле пронајдени уште две рачни бомби.

Протест на раселените лица.
На 8 јуни раселените жители од Арачиново, Тетовско и Матејче протестираа пред Владата на Р.Македонија. Раселените лица побарале да се реши нивниот статус. Претходно се одржа дебата "Жртви на терор - заложници на политиката" во организација на здружението на протераните жители од Арачиново "Зора".

Усвоена Декларацијата за сосотојбата на северната граница.
На 29 мај Собранието на Р.Македонија, со 68 гласа за и без присуство на пратениците Албанци, ја усвои Декларацијата за состојбата на северната граница, со која се осудува Резолуцијата на Косовскиот парламент.

Али Ахмети, лидер на новата партија на Албанците во Македонија.
На 5 јуни, во Тетово се формираше новата партија на етничките Албанци во Македонија, Демократската унија за интеграција (ДУИ). На нејзино чело е поранешниот политички водач на ОНА, Али Ахмети. Партијата воглавно е составена од поранешни припадници на ОНА, како и двајца актуелни пратеници на ПДП во Собранието на РМ.

 

Претходни извештаи

  • Позадина на итноста бр. 13/2002 [ 20 мај - 26 мај]
  • Позадина на итноста бр. 12/2002 [ 13 мај - 19 мај]
  • Позадина на итноста бр. 11/2002 [8 април - 14 април]
  • Позадина на итноста бр. 10/2002 [1 април - 7 април]
  • Позадина на итноста бр. 09/2002 [25 март - 31 мартј]
  • Позадина на итноста бр. 08/2002 [18 март - 24 март]
  • Позадина на итноста бр. 07/2002 [11 март - 17 март]
  • Позадина на итноста бр. 06/2002 [4 март - 10 март]
  • Позадина на итноста бр. 05/2002 [25 февруари - 3 март]
  • Позадина на итноста бр. 04/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 03/2002 [11 февруари - 17 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 02/2002 [4 февруари - 10 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 01/2002 [28 јануари - 3 февруари
  • Позадина на итноста бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Позадина на итноста бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Позадина на итноста бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Позадина на итноста бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Позадина на итноста бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Позадина на итноста бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Позадина на итноста бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Позадина на итноста бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Позадина на итноста бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Позадина на итноста бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Позадина на итноста бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Позадина на итноста бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Позадина на итноста бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Позадина на итноста бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Позадина на итноста бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Позадина на итноста бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Позадина на итноста бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Позадина на итноста  бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News