Позадина на  итноста бр. 10/2002

ПОЗАТИНА НА ИТНОСТА БР. 10/2002

1 април - 7 април 2002 година

 

БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Етнички мешаните полициски патроли влегоа во проблематичните села.
На 1 април, етнички мешаните полициски патроли влегоа во тетовското село Селце. На 2 април полициските патроли влегоа и во селата Шипковица, Гајре, Лисец, Вешала, Бозовце, Бродец и Селце. Инаку ден пред тоа не им беше дозволено влегувањето поради поставеност на блокади на патот до овие села. На 2 април етнички мешаните полициски патроли влегоа и во кумановското село Слупчане. Целосно (24 часовно) патролирање засега се одвива во 65 (од вкупно 130) села.

Обид за ликвидирање на потпретседателот на ДПА.
На 3 април група вооружени лица го нападнаа ресторанот "Дора", алтернативно седиште на ДПА во Тетово. Инаку ресторанот е сопственост на потпретседателот на ДПА, Мендух Тачи, за кого се претпоставува дека бил цел на нападот. За време на вооружениот напад бил употребен и рачен фрлач, едно лице е повредено и се оштетени неколку возила. Според МВР, се води истрага против еден поранешен инспектор во полицијата, етнички Албанец, кој е осомничен за овој инцидент.

Нападната полициска станица во Скопје.
На 4 април непознати лица со опгнено оружје стрелале кон полициската станица во Бит-пазар. За време на нападот немало повредени, а е причинета само материјална штета.

Организиран конвој за Танушевци, Брест и Малино.
Во организација на Центарот за кризен менаџмент, во придружба на претставниците на НАТО, околу 50 жители на селата Танушевци, Брест и Малино ги посетија нивните домови после 13 месеци.

Европската комисија побара да се расформираат специјалните едници "Лавови".
Европската комисија на 4 април во Брисел го објави првиот извештај за процесот на стабилизација и асоцијација. Од Македонија се бара да ги расформира специјалните единици "Лавови", кои се обвинети за нарушување на човековите права. Исто така се побарани и радикални реформи во медиумскиот сектор.

Нов амбасадор на НАТО во Македонија.
Во Скопје на 1 април пристигна новиот амбасадор на НАТО во Македонија, холанѓанецот Ник Бикман. Ова се надоврзува со можното преземање на командата на операцијата на НАТО "Килбарна лисица" од страна на Холандија.

Претходни извештаи

  • Позадина на итноста бр. 09/2002 [25 март - 31 мартј]
  • Позадина на итноста бр. 08/2002 [18 март - 24 март]
  • Позадина на итноста бр. 07/2002 [11 март - 17 март]
  • Позадина на итноста бр. 06/2002 [4 март - 10 март]
  • Позадина на итноста бр. 05/2002 [25 февруари - 3 март]
  • Позадина на итноста бр. 04/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 03/2002 [11 февруари - 17 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 02/2002 [4 февруари - 10 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 01/2002 [28 јануари - 3 февруари
  • Позадина на итноста бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Позадина на итноста бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Позадина на итноста бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Позадина на итноста бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Позадина на итноста бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Позадина на итноста бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Позадина на итноста бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Позадина на итноста бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Позадина на итноста бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Позадина на итноста бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Позадина на итноста бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Позадина на итноста бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Позадина на итноста бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Позадина на итноста бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Позадина на итноста бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Позадина на итноста бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Позадина на итноста бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Позадина на итноста  бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together