Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Позадина на  итноста бр. 09/2002

ПОЗАТИНА НА ИТНОСТА БР. 09/2002

25 март - 31 март 2002 година

 

БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Вооружена пресметка помеѓу т.н. АНА и расформираната ОНА.
 На 25 март во тетовската населба Мала Речица дошло до вооружен судир помеѓу вооружена група на т.н.АНА и расформираната ОНА, чиј биланс е тројца мртви и четири повредени. Вооружениот судир траел околу четири часа, при што се употребени и рачни фрлачи. Меѓу загинатите бил и еден случаен минувач. Според извори на ОНА, вооружена група на т.н. АНА го нападнале Штабот на поранешната ОНА, чија цел била да се ликвидира Али Ахмети. Неофицијално ова следело по задржувањето на тројца припадници на т.н. АНА во регионот на селото Порој. Додека, спред извори на т.н. АНА, вооружена група на расформираната ОНА ги нападанала нивните позиции. Македонската полиција поради безбедноста на теренот не извршила увид на местото на настанот. НАТО нема конкретен одговор околу овој настан, само го толкува како инцидент каде било употребено оружје.

Нападнат полициски пункт.
На 26 март од автомобил во движење била фрлена експлозивна направа кон полицискиот пункт, лоциран во близина на гробиштата во Арачиново. При нападот немало повредени припадници на безбедносните сили.
Одложено влегувањето на полицијата во Шипковица и Лисец. На 28 март беше најавено влегување на мешаните етнички полициски патроли во Шипковица и Лисец, но поради инцидентот во Мала Речица влегувањето беше одложено на неодредено време. Одлуката е донесена на состанокот на Координативното тело во консултација со претставниците на НАТО и ОБСЕ.

Али Ахмети избран за претседател на Координативниот совет на Албанците во Македонија.
Кон крајот на минатитот месец, поточно на 27 февруари во Тетово, беше формирано Координативниот совет на Албанците во Македонија. Во овој совет членуваат по двајца претставници од партиите ДПА, ПДП и НДП како и тројца претставници на расформираната ОНА. На 25 март, за претседател на советот е избран Али Ахмети. Во ова тело се формирани уште три работни групи: за образование, за интеграција на Албанците во полицијата и во АРМ. Општата македонска јавност за овој чекор на албанските партии мисли дека се формира паралелна власт на Албанците во западна Македонија.

Трибина “Има ли надеж за Тетово и Тетовско”.
На 25 март во Тетово се одржа трибина на тема “Има ли надеж за Тетово и Тетовско”. Оваа трибина ја организираа Блокот македонски партии од градот. Учество не земале само СДСМ и партиите на етничките Албанци. Како главни точки на трибината биле посочени: запирање на етничкото чистење, враќање на протераните во своите домови, обезбедување целосна лична и семејна сигурност.

На чело на НАТО мисијата во Македонија можеби Холандија.
На 26 јуни, кога на Германија и истекува мандатот за раководење со мисијата на НАТО во Македонија, на чело на оваа мисија можеби ќе се најде Холандија. Холандската војска соопштила дека е побарано од НАТО, таа да ја преземе командата со операцијата “Килибарна лисица”.

 

Претходни извештаи

  • Позадина на итноста бр. 08/2002 [18 март - 24 март]
  • Позадина на итноста бр. 07/2002 [11 март - 17 март]
  • Позадина на итноста бр. 06/2002 [4 март - 10 март]
  • Позадина на итноста бр. 05/2002 [25 февруари - 3 март]
  • Позадина на итноста бр. 04/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 03/2002 [11 февруари - 17 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 02/2002 [4 февруари - 10 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 01/2002 [28 јануари - 3 февруари
  • Позадина на итноста бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Позадина на итноста бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Позадина на итноста бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Позадина на итноста бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Позадина на итноста бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Позадина на итноста бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Позадина на итноста бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Позадина на итноста бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Позадина на итноста бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Позадина на итноста бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Позадина на итноста бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Позадина на итноста бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Позадина на итноста бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Позадина на итноста бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Позадина на итноста бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Позадина на итноста бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Позадина на итноста бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Позадина на итноста  бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News