Позадина на  итноста бр. 12/2002

ПОЗАТИНА НА ИТНОСТА БР. 12/2002

13 мај- –19 мај 2002 година

 

БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Полициски патроли кај манастирот "Света Богородица" во Матејче.
Во манастирскиот комплекс "Света Богородица" кај кумановското село Матејче патролираат етнички мешаните полициски патроли. Патролите се придружени од претставниците на ОБСЕ и НАТО.

Полицијата влезе во сите села во Тетовско.
 
Етнички мешаните полициски патроли влегоа во сите села и населби во Тетовскиот регион. Како последни села беа Требош, Палатица, Озорниште и Шемшево. Процесот на реинтеграција на сите населби во кризниот Тетовски регион е зваршен.

Инцидент при вежба на единицата "Лавови".
На 15 мај при тактичка вежба на припадниците на единицата за брза интервенција "Лавови" на полигонот кај Леуново, министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски при пукање од автоматски фрлач, ранил една новинарка, една преведувачка и двајца припадници на полицијата. Овој инцидент наиде на различни толкувања од страна на медиумите и политичките партии, кој бил одговорен за обезбедувањето и за несаканиот настан.

Почна третиот курс за идните полицајци.
На 13 мај почна и третиот курс за идни полицајци, каде се одбрани 275 курсисти од кои 185 се етнички Албанци. До крајот на јули оваа година ќе заврши обуката на последните 250 полицајци, припадници на заедниците во Македонија, со што ќе биде исполнета обврската од рамковниот договор.

Усогласени ставовите околу изборите.
 На лидерската средба на потписниците на Рамковниот договор со американскиот претставник за Југоисточна Европа, Џејмс Холмс и специјалниот пратеник на Европската унија Ален Лероа, а во присуство на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски беа усогласени ставовите околу пакетот-изборна регулатива со пропорционален изборен модел и 6 изборни единици и политички паритетна државна изборна комисија, како и законите што ќе овозможат употреба на албанскиот јазик во јавниот живот. На средбата се усогласени 16 закони. На состанокот од 14 мај Владата ги усвои сите закони кои беа договорени на средбата освен Законот за патни исправи.

Партијата за демократски просепритет (ПДП) со нов претседател.
На 11 мај во Куманово, Централното собрание на ПДП по усвојувањето на оставката на Имер Имери, за нов претседател на партијата го избра поранешниот лидер Абдурахман Алити.

Поранешниот лидер на ОНА, Али Ахмети ќе формира политичка партија.
Според најновите информации поранешниот лидер на ОНА, Али Ахмети ќе формира нова политичка партија на Албанците, Демократско движење за интеграција, чие седиште би било во Скопје. Цел на партијата ќе биде забрзување на спроведувањето на охридскиот договор, зајакнување на довербата меѓу Македонците и Албанците и приклучување на земјава во евроатлантски структури.

Претходни извештаи

  • Позадина на итноста бр. 11/2002 [8 април - 14 април
  • Позадина на итноста бр. 10/2002 [1 април - 7 април]
  • Позадина на итноста бр. 09/2002 [25 март - 31 мартј]
  • Позадина на итноста бр. 08/2002 [18 март - 24 март]
  • Позадина на итноста бр. 07/2002 [11 март - 17 март]
  • Позадина на итноста бр. 06/2002 [4 март - 10 март]
  • Позадина на итноста бр. 05/2002 [25 февруари - 3 март]
  • Позадина на итноста бр. 04/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 03/2002 [11 февруари - 17 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 02/2002 [4 февруари - 10 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 01/2002 [28 јануари - 3 февруари
  • Позадина на итноста бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Позадина на итноста бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Позадина на итноста бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Позадина на итноста бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Позадина на итноста бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Позадина на итноста бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Позадина на итноста бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Позадина на итноста бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Позадина на итноста бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Позадина на итноста бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Позадина на итноста бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Позадина на итноста бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Позадина на итноста бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Позадина на итноста бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Позадина на итноста бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Позадина на итноста бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Позадина на итноста бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Позадина на итноста  бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together