Позадина на  итноста бр. 06/2002


ПОЗАТИНА НА ИТНОСТА БР. 06/2002

4 март - 10 март 2002 година

 

БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Продолжува патролирањето на полицијата.
Во тетовскиот регион и понатаму влегувањето на мешаните етнички патроли на полицијата во кризните региони се одвива со потешкотии. На 4 март на полициските патроли не им беше дозволено влегувањето во селата Радиовце, Теново, Челопек, Жеровјане, Боговиње и Пирок. Во кумановскиот регион, по петдневна блокада полициските патроли влегоа во селата Никуштак, Виштица, Ропаљце, Липково, Отља, Оризаре и Матејче.

Во 14 села 24 часовно патролирање.
14 села од тетовско и гостиварско зилегоа од Планот за враќање на полицијата во кризните региони, каде беа создадени услови за непрекинато патролирање на етнички мешаните полициски патроли. Полицијата ќе патролира 24 часа во следните села: Дебарце, Чифлик, Ларце, Копачин Дол, Рогле, Ново Село, Лукавица, Седларево, Беловиште, Лакавица, Трново, Србиново, Педалиште и Стрјане.

Усвоен законот за амнестија.
На 7 март македонскиот парламент го усвои Законот за амнестија. За законот гласаа 64 пратеници "за", 12 беа "против" и осум пратеника беа воздржани. Амнестијата се однесува за лицата за кои постои сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година заклучно со 26 септември. Со Законот асе ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор, граѓани на Р.Макеоднија, лица со законски престој, како и лица кои имаат имот и семејство во Македонија. Амнестијата се однесува и на лица кои и пред 1 јануари 2001 година подготвувале или сториле кривични дела поврзани со конфликтот.

Почна обуката на нови полицајци.
Во Центарот за обука на кадри од областа на безбедноста, на 4 март, започна втората етапа од вториот конкурс за обука на млади полициски кадри, финансирана од ОБСЕ. Во текот на следните три месеци обуката ќе ја следат 150 кандидати, од кои 90 етнички Албанци, 30 етнички Македонци и 30 припадници од другите националности.

Меѓународни мисии заинтересирани околу настаните во Љуботен.
 
На 7 март, во селото Љуботен, престојувале екипи на ОБСЕ и ЕУ, војници на мисијата "Килибарна лисица" и претставници на Хашкиот трибунал. Нивната посета била со цел да се здобијат со информации околу настаните во селото Љуботен минатата година, кога загинаа 10 етнички Албанци од селото. Македонските власти изјавуваат дека за нивниот престој таму немале соодветна дозвола.

Не се признава границата меѓу СРЈ и Македонија од страна на Косово.
На 6 март, новоизбраниот косовски премиер, Бајрам Реџепи, изјави дека косовските институци не ја признаваат Спогодбата за границата меѓу СРЈ и Македонија. Како што изјавил Реџепи Косово изгубило 2.500 хектари земја со Спогодбата. Министерството за надворешни работи на Македонија реагираше во врска со ова изјава.

 

Претходни извештаи

  • Позадина на итноста бр. 05/2002 [25 февруари - 3 март]
  • Позадина на итноста бр. 04/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 03/2002 [11 февруари - 17 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 02/2002 [4 февруари - 10 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 01/2002 [28 јануари - 3 февруари
  • Позадина на итноста бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Позадина на итноста бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Позадина на итноста бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Позадина на итноста бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Позадина на итноста бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Позадина на итноста бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Позадина на итноста бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Позадина на итноста бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Позадина на итноста бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Позадина на итноста бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Позадина на итноста бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Позадина на итноста бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Позадина на итноста бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Позадина на итноста бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Позадина на итноста бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Позадина на итноста бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Позадина на итноста бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Позадина на итноста  бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News

Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together