Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Позадина на  итноста бр. 05/2002

ПОЗАТИНА НА ИТНОСТА БР. 05/2002

25 февруари - 3 март

 

БЕЗБЕДНОСНА И ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Дозволено, а потоа спречено влегувањето на полицијата во Тетовско.
На 25 февруари етнички мешаните патроли требаше да влезат во 15 села во Тетовско, но влегоа само во три села: Боговиње, Пирок и Жеровјане. Идниот ден месното население, етнички Албанци, не дозволи полицијата да патролира во нивните села. На 1 март мешаните етнички патроли после девет месеци влегоа во населбата Дреновец 1 и 2 во Тетово, но тоа ќе им биде дозволено до 15 март, до кога треба да биде отстранет пунктот на полицијата во близина на Градскиот стадион.
...И во Кумановско. На 27 февруари на мешаните етнички патроли не им беше дозволено да влезат ни во Кумановските села поради апсењето на две жени од Опае, во акцијата на полицијата кога биле уапсени 12 лица.

Уапсени група од 12 осомничени лица.
На 26 февруари полицијата уапсила 12 лица, за кои смета дека подготвувале да извршат напади врз безбедносните сили и објекти во Скопје. Кај нив е пронајдено поголемо количество на оружје. Уапсените биле поранешни припадници на ОНА.

Убиени седум лица во близина на Скопје.
а 2 март, патрола на МВР убила седум лица кај скопската населба Бутел, кои со автоматски пушки пукале врз возилото на македонската полиција. Идентитетот на убиените не е познат, но според полицијата се претпоставува дека се од Пакистан. Во возилото на оваа група било пронајдено одредено количество оружје, маскирни униформи на ОНА, како и документи на арапски јазик. Според информации на полицијата, групата подготвувала напади на странските амбасади во Скопје.

Инциденти во Тетово.
Во текот на викендот, 2 и 3 март, во Тетово се случиле некои оружени пресметки, каде животот го загубил еден цивил и еден резервист. И двајцата етнички Албанци. Непознат сторител во дворот на еден етнички Македонец фрлил рачна бомба, при што е направена мала материјална штета.

Оштетени дуќани во Ресен.
На 28 февруари во Ресен се уништени девет објекти, чии сопственици се етнички Албанци и етнички Турци.

Политичките партии се договорија околу текстот на законот за амнестија.
На 25 февруари лидерите на четирите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП, кои се потписнички на Рамковниот договор, постигнале согласност за текстот на законот за амнестија.

Формиран Координативниот совет на Албанците.
На 27 февруари, во Мала Речица, Тетово, се одржа конститутвна седница на Координативното тело на Албанците. Во неа членуваат по два претставника од партиите ДПА, ПДП и НДП, како и тројца претставници на поранешната ОНА.

 

Претходни извештаи

  • Позадина на итноста бр. 04/2002 [18 февруари - 24 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 03/2002 [11 февруари - 17 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 02/2002 [4 февруари - 10 февруари]
  • Позадина на итноста бр. 01/2002 [28 јануари - 3 февруари
  • Позадина на итноста бр. 26/2001 [26 ноември - 2 декември]
  • Позадина на итноста бр. 25/2001 [19 ноември - 25 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 24/2001 [12 ноември - 18 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 23/2001 [5 ноември - 11 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 22/2001 [29 октомври - 4 ноември]
  • Позадина на итноста бр. 21/2001 [22 - 28 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 20/2001 [15 - 21 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 19/2001 [8 - 14 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 18/2001 [1 - 7 октомври]
  • Позадина на итноста бр. 17/2001 [24 - 30 септември]
  • Позадина на итноста бр. 16/2001 [17 - 23 септември]
  • Позадина на итноста бр. 15/2001 [10 - 16 септември]
  • Позадина на итноста бр. 14/2001 [3 - 9 септември]
  • Позадина на итноста бр. 13/2001 [27 август - 2 септември]
  • Позадина на итноста бр. 12/2001 [20 - 26 август]
  • Позадина на итноста бр. 11/2001 [13 - 19 август]
  • Позадина на итноста бр. 10/2001 [06 - 13 август]
  • Позадина на итноста бр. 09/2001 [06 - 08 август]
  • Позадина на итноста бр. 08/2001 [30 јули - 05 август]
  • Позадина на итноста бр. 07/2001 [23 - 29 јули]
  • Позадина на итноста бр. 06/2001 [16 - 22 јули]
  • Позадина на итноста бр. 05/2001 [09 - 15 јули]
  • Позадина на итноста бр. 04/2001 [03 - 08 јули]
  • Позадина на итноста бр. 03/2001 [24 јуни - 03 јули]
  • Позадина на итноста бр. 02/2001 [11 - 24 јуни]
  • Позадина на итноста  бр. 01/2001 [03 - 10 јуни]

Back to News