Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Храна - МЦМС Извештај за ситуацијата

25 март - 31 март 2002 година

За оваа година, италијанската влада има обезбедено 442,500 долари за семиња и ѓубриво, со што ќе се покријат околу 6,000 земјоделци во тетовскиот регион. Од данската влада се очекува да се обезбедат 500,000 долари за семе за компир и пченка.

18 март - 24 март 2002 година

Светската организација за земјоделство/ФАО продолжува со планирање и спроведување на активностите во секторот на земјоделството и сточната храна. Дистрибуцијата е заврПшена во регионот на Куманово каде се дистрибуирани 1,000 тони сточна храна. Се очекува програмата за сточна храна да покрие околу 24,000 корисници.

11 март - 17 март 2002 година

АЦТЕД продолжува со дистрибуција на сточна храна (пченка во зрно и соја) во Тетовскиот регион.

4 март - 10 март 2002 година

Јапонија и донираше на Македонија неповратна помош во висина од 12 милиони долари. Грантот се однесува на на пет проекти од земјоделието, од кои четири се завршени, а петитот проект е во тек, каде помошта се состои во земјоделска механизација и вештачко ѓубриво.

ФАО инофмрира дека првата фаза од дистрибуција на сточна храна за 19,000 семејства е комплетирана во Скопје, Тетово и Куманово.

25 февруари - 3 март 2002 година

МПДЛ продолжува со дистрибуција на сточна храна во регионот на Куманово и Скопје, додека АЦТЕД во Тетовско.

18 февруари - 24 февруари 2002 година

Шпанската отганизација MPDL досега дистриубираше сточна храна во 19 села во скопско за 1598 корисници, а во кумановско за 70 села за 4.460 корисници. Сите корисници добиле по 200 кг пченка во зрно и по 25 кг соја.

11 февруари - 17 февруари 2002 година

Хуманитарната организација АЦТЕД, преку програмата на ФАО, за 158 семејства од мавровскиот регион дистрибуира 131 тони пченка и 17 тони соја. За 12.720 корисници од Тетовско и Гостиварско обезбедни се 2.500 тони пченка и 318 тони соја брашно.

МПДЛ во рамките на проектот финансиран преку ФАО за дистрибуција на сточна храна, во кризните подрачја изврши дистрибуција на сточна храна за вкупно 4.159 корисници од скопските и кумановските села. Во скопско со проектот се опфатени 24 села, додека во кумановско се опфатени околу 120 села.

4 февруари - 10 февруари 2002 година

Шпанската организација МПДЛ во текот на минатата недела почна со дистрибуција на сточна храна (пченка во зрно и соја) во кризните региони. Во тек е постапката за финализирање на списоците на корисниците на Министерството за земјоделство и водостопанство во координација со Светската организација за земјоделство (ФАО).

Досега се подготвени списоците за општина Липково и другите села од кумановскиот регион, каде во тек е дистрибуцијата на околу 400 тони сточна храна. Секое семејство ќе добие по 25 кг. соја и 200 кг. пченка во зрно.

28 јануари - 3 февруари 2002 година

АЦТЕД дистрибуира пченка во зрно и соино брашно во тетовскиот, Гостиварскиот и Мавровскиот регион. Со проектот се опфатени сите корисници на животни. Во тетовскиот и Гостиварскиот регион се опфатени околу 13.000 корисници. Во регионот на Тетово секој корисник добива по 200 кг. пченка во зрно и 20 кг. соино брашно.

Nazad kon Pomosh