Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Здравство - од МЦМС Извештаи за ситуацијата

27 мај - 9 јуни 2002 година

Светската здравствена организација дистрибуираше мебел за амбулантата во Радуша.

ИРЦ продолжува со здравствените мобини екипи да работи во Арачиново.
Две мобилни екипи на АРЦ работат во Слупчане и Матејче/Никуштак. Просечниот број на пациенти на ден кои се прегледуваат е 50 во Слупчане, 55 во Матејче и 35 во Никуштак.

20 - 26 мај 2002 година

Мобилни медицински тимови на Американскиот црвен крст спроведуваат здравствена заштита во трите амбуланти во липковско (Матејче, Слупчане и Никуштак). Се прегледуваат околу 80 пациенти на ден..

13 - 19 мај 2002 година

Реконструираните амбуланти од страна на Солидарите во општина Липково почнаа да функционираат. Опрема за амбулантите беше обезбедена од страна на Светска здравствена организација, додека медицинскиот персонал од страна на Американскиот црвен крст.

8 - 14 април 2002 година

Претставници на Светската здравствена организација во селата Слупчане, Матејче и Никуштак доставиле инвентар за здравствените домови во овие села. На овие амбуланти ќе им биде донирана и медицинска опрема, а ќе бидат вработени и двајца општи лекари од општа практика.

Солидарите продолжува со проектите за рехабилитација на амбулантите во Лојане/Ваксинце.

1 - 7 април 2002 година

Министерството за здравство ќе вработи лекар во Арачиново.

IFRC/МФЦК спроведе капмања за имунизација на децата во колективните центри Шуто Оризари и Катланово.

25 - 31 март 2002 година

СЗО ја заврши целата потребна документација за снабдување со основна опрема реконструираните амбуланти во Липковскиот регион.

СЗО подготвија договор со Американскиот Црвен крст за обзбедување на персонел за мобилните тимови кои ќе ги покриваат рехабилитираните амбуланти од страна на Солидарите во регионот на Липково.

Наменските сили лисици/ТФФ испорачале опрема за амбулантата во Вејце.

11 - 17 март 2002 година

Американскиот црвен крст го завршува проектот за здравствена едукација за ВРЛ во колективните центри.

МФЦК/ИФРЦ го спроведува проектот за примарна здравствена едукација во три амбуланти: колективниот центар во Шуто Оризари, амбулантата во Шуто Оризари и колективниот центар во Катланово.

4 - 10 март 2002 година

Наменските сили "Лисици"/ТФФ ќе спроведува два пати во недела здравствени услуги за жителите на село Радуша.

25 февруари - 3 март 2002 година

Светската здравствена организација одлучи да ги затвори две од трите привремени аптеки кои почнаа со работа во август минатата година, каде се дистрибуираа лекови за ВРЛ. Тоа е поради фактот што бројот на ВРЛ во Скопје е многу мал. Ќе остане отворена само аптеката која е сместена во здравствениот дом во Бит Пазар.

Хандикеп интернационал спроведува итен проект, дистрибуција на ортопедски помагала, за лицата со посебни потреби. Проектот ќе трае три месеци и финансиски ќе биде поддржан од УНХЦР.

Американскиот црвен крст го завршува проектот за здравствена едукација на ВРЛ во колективните центри и семејства домаќини.

Солидарите ги заврши активностите околу реконструкцијата на амбулантите во Матејче, Никуштак и Слупчане.

18 - 24 февруари 2002 година

ЕЦХО го комплетираше списокот на амбулантите кои се рехабилитирани.

4 - 10 февруари 2002 година

АРЦ продолжува со здравствена образовната програма. При крај е програмата во Куманово, но ќе се почне со активности во Дојран.

ТФФ/Наменските сили „Лисици“ спроведуваат два здравствени проекти, воведување постојана здравствена грижа во Вејце во соработка со Медицинскиот центар во Тетово и реконструкција на амбулантата во Липково во соработка со Интерсос.

26 ноември - 2 декември 2001 година

Претставници на WHO/СЗО ја посетиле амбулантата во Радуша, чија зграда е оштетена од воените дејствија. Директорот на поликлиниката во Ѓорче Петров е подготвен да прати лекар двапати неделно. Селаните се спремни да помогнат во рехабилитацијата но им се потребни материјали.

АРЦ/Американскиот црвен крст продолжува со едукативните активности за ВРЛ во колективните центри и семејствата домаќини.

Екипите на ИРЦ обезбедуваат здравствена грижа за ВРЛ во Куманово и повратниците во Арачиново. Во Арачиново се прегледуваат околу 70 пацинети на ден. ИРЦ врши реконструирачки работи во амбулантата во Арачиново.

12-18 ноември

Американскиот црвен крст продолжува со здравствената едукација на ВРЛ во колективните центри и семејствата домаќини во Скопје и Куманово.

Здравствените екипи на IRC даваат примарна здравствена услуга на ВРЛ во Куманово и повратниците во Арачиново.

5-11 ноември

WHO/СЗО продолжува со снабдување на бесплатни лекови за ВРЛ во три аптеки во Скопје, и за медицинските центри во Куманово и Тетово.

МФЦК/МЦК продолжуваат со дистрибуција на хигиенски производи за семејства домаќини, додека Данскиот комитет за бегалци дистрибуира хигиенски производи во колективните центри.

IRC ќе изврши мала реконструкција на амбулантата во Арачиново.

IOMзаврши со проценка на потребите за здравствената грижа.

29 октомври - 4 ноември

Американскиот црвен крст/ARC врши здравствена едукација на ВРЛ во семејствата домаќини и колективните центри. Здравствената едукација е завршена во два колективни центри во Скопје, Стив Наумов и Пелагонија. Активностите од оваа програма ќе почнат да се извршуваат и во Тетово.

Хендикеп интернационал заврши до дистрибуција на 100,000 пелени за ВРЛ и повратниците.

АРТ интернационал е во процес на собирање на информации за ВРЛ со хронични болести, на возраст над 60 години и од 0-12 години. Овие лица ќе бидат вакцинирани со вакцина против грипот. Активностите ќе бидат координирани со Министерството за здравство.

ААР од Јапонија спроведува здравствена примарна грижа за бегалците, ВРЛ и социјалните случаи во Куманово, Скопје и Тетово.

22-28 октомври

ICRC/МКЦК дава медицинска помош во локалните амбуланти во Липковскиот регион.

WHO/СЗО продолжува да дава здравствени услуги за ВРЛ во Куманово, и да дистрибуира бесплатни лекови за аптеките во Скопје. СЗО за прв пат дистрибуираше лекови во Тетово.

8-14 октомври

Со логистичка поддршка на Ел хилал, медицински екипи од Скопје извршиле проценка на здравствените објекти во Грушино, Арачиново, Студеничани и Батинци.

Со логистичка поддршка на МЦМС исто така е завршена проценката во Липковскиот регион.

1-7 октомври

На 3 октомври во организација на Министерството за здравство и Светската здравствена организација/WHO беше одржана работилница за брза проценка на Медицинските центри и Здравствените домови во конфликтините подрачја.

Проценката се врши во Тетовско, Скопско и Кумановско. Околу 13 тимови треба да проценат 98 објекти. Со логистичка поддршка на МЦМС една екипа на Медицнискиот центар од Куманово изврши проценка во селата од Липковскиот регион (Никуштак, Липково, Слупчане, Матејче,Отља и Лојане).

Американскиот црвен крст/ARC спроведува здравствена едукација за ВРЛ во колективните центри и семејствата домаќини во регионот на Скопје и Куманово.

24-30 септември

WHO/Светска здравствена организација и Министерството за здравство подготвуваат листа за проценка на штетите на здравстевните објекти во кризните подрачја.

3-9 септември

СЗО оспособи една просторија во амбулантата во Арачиново, во која мобилниот лекарски тим од клиниката во Гази Баба секојдневно дава лекарска помош.
УНИЦЕФ и СЗО продолжува со давање подршка во лекови за трите аптеки во Скопје за потребите на ВРЛ.


27 август - 2 септември

Тим на ИРЦ/Меѓународниот Црвен Крст го посети Арачиново минатата недела, каде стручни лица направија проценка на штетите во амбулантата. Потребни се мали реконструкции. УНИЦЕФ донираше опрема, како и комплети за докториите и медицинските сестри. Се очекува екипата да започне со работа оваа недела.
WHO/Светска здравствена организација планира да направи проценка на здравствени капацитети во регионите во кој е можен пристапот, а подоцна во селата погодени со конфликтот.

20-26 август

Светската здравствена организација/WHО, има формирано мобилен лекарски тим за Арачиново.

13-19 август

Се разгледува можноста за отварање на амбуланти и аптеки во други градови на земјата (досега има такви во Скопје и Куманово), каде ВРЛ бо можеле да користат бесплатни здравствени услуги и лекови.

САЖМ организира бесплатни лекарски прегледи за раселените жени и деца кои се сместени во семејствата домаќини во Скопје.

6-12 август

Меѓународниот комитет на црвениот крст достави помош во медицинска опрема, лекови и други медицински материјали за тетовскиот Медицински центар.

Светската здравствена организација во соработка со Министерството за здравство ја разгледуваат можноста за оспособување за работа на амбулантата во Арачиново.

30 Јули - 5 Август

Сите раселени лица од кризните региони, со картичката што ја добиле при пријавувањето во Црвениот крст, можат да добијат бесплатна медицинска помош во сите амбуланти и болници во земјава.

Светската здравствена организација, во соработка со Министерството за Здравство и УНИЦЕФ, во три аптеки во Скопје, за ВРЛ почна да дели бесплатни лекови. Аптеките се наоѓаат во поликлиниките Ченто, Бит-пазар и Ѓорче Петров. Веќе подолго време во Куманово постои таков пункт. СЗО редовно доставуваат лекарства до медицинскиот центар во Тетово.

“Милосрдие” за општина Вратница подели медицински препарати.
Класје на добрината и САЖМ организираат бесплатни прегледи за раселените лица.

23-29 Јули

Светската здравствена организација, во соработка со Министерството за Здравство и УНИЦЕФ, во Скопје, определија три пункта, градски аптеки, каде ВРЛ ќе можат да набават бесплатни лекови. Аптеките се наоѓаат во поликлиниките Ченто, Бит-пазар и Ѓорче Петров. Веќе подолго време во Куманово постои таков пункт. СЗО редовно доставуваат лекарства до медицинскиот центар во Тетово.

СЗО заврши со идентификацијата за капацитетот на организациите кои делуваат во секторот за здравство во моментов, како и во случај на ескалирање на ситуацијата.

16-22 Јули

МКЦК врши дотур на лекови во липковскиот крај, каде е отежнат пристапот.
Се уште не важи одлуката на Владата на РМ за бесплатна набавка на лекови за раселените лица.

9-15 Јули

Се уште не важи одлуката на Владата на РМ за бесплатна набавка на лекови за раселените лица.

3-8 Јули

Бесплатна здравствена заштита. Одлуката на Владата за бесплатна здравствена заштита за внатрешно раселените лица се уште не важи за набавка на лекови.

24 Јуни - 3 Јули

Бесплатна здравствена заштита.
Со одлука на Владата, сите внатрешно раселени лица, имаат право на бесплатна здравствена заштита, на целата територија на Република Македонија. Ова можат да го користат сите регистрирани ВРЛ, со употреба на картичката за регистрација на ВРЛ, издадена од Македонскиот Црвен Крст.

Nazad kon Pomosh