Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
 Засолништа - од МЦМС Извештаи за ситуацијата

28 јануари - 3 февруари 2002 година

Комитетот за поправки и реконструкција ги подготвува нацрт процедурите за реконструкција на оштетените куќи од 3 и 4 категорија. Според новите информации од УНХЦР за завршените работи околу поправките на оштетувањата на куќите од 1 и 2 категорија, напредокот на поправките според агенциите-донатори: УНХЦР има завршено 100% од работите, Владата на Германија 64%, УСАИД/ПРМ 76% и Владата на Данска 100%.

Месечина во соработка со Европска перспектива од Грција дистрибуира санитарни материјали за 20 семејства каде беа сместени раселени лица.

26 ноември - 2 декември

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе обезбеди поправка и инсталалција на системи за греење во пет колективни центри, каде што се сместени внатрешно раселените лица. Греење ќе им се обезбеди на колективните центри Олимписко село и Ранка Милановиќ во Скопје, студентскиот дом во Долно Коњаре и Кристал во Куманово и колективниот центар во Дојран.

Натира од Куманово дистрибуира 170 пакети со зимска облека за семејствата од селата Ропајце, Виштица, Слупчане, Матејче како и од Куманово.

Грчката хуманитарна и развојна невладина организација Европска перспектива со средства на грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), почна да го спроведува проектот “Мали поправки на куќите на семејствата домаќини”. Проектот ќе се спроведува во неколку града низ Македонија, како Скопје, Куманово, Гостивар, Прилеп и Велес. Вкупно ќе бидат опфатени 94 семејства кои згрижиле внатрешно раселени лица. Корисниците се етнички Македонци, Албанци и Роми. Исто така со средства на МНР на Грција ќе започне проектот за поправки на оштетените куќи за време на воените дејствија во Арачиново, скопско. Во тек е фазата на проценка на оштетувањата. Поправки ќе бидат извршени вкупно на 20 куќи од втора категорија и неколку од трета категорија.

Во соработка со ДРЦ/Дански совет за бегалци, Ел хилал врши дистрибуција на зимска облека за ВРЛ сместени во Тетово, како и за жителите на селото Гајре и населбата Дреновец. Вкупно ќе бидат дистрибуирани 1157 кутии.

МЦМС од 27 до 30 ноември вршеше дистрибуција на градежен материјал за поправка на куќите од прва и втора категорија во селото Отља. Дистрибуирани се 24,400 ќерамиди, 7,920 керамички блока, 480 вреќи цемент (24000 кг), 330 вреќи усјемал (16,500 кг), 43 прозори, 20 надворешни врати, 1250 парчиња летви, 657 греди, 1704 парчиња даска. Во Радуша исто така продолжува доставувањето на градежен материјал, каде во изминатата недела се дистрибуирани 18,190 ќерамиди, 2,230 парчиња летви, 65 вреќи цемент ( 3,250 кг), 480 блока, 832 м2 дрвена ламперија и 590 пластична ламперија. Со тоа се извршени околу 80% од потребните испораки.

19-25 ноември

УНХЦР информира дека инфраструктурните поправки во колективните центри се извршени.

УНДП се обврза да финансира поправка на системот за греење во еден колективен систем.

IFRC/МФЦК, УНИЦЕФ, Каритас-Германија, DRC/Дански совет за бегалци и World Vision дистрибуираа зимска облека за ВРЛ сместени во семејства домаќини.

МЦМС на 21 и 22 ноември дистрибуира градежен материјал за Радуша. На 23 ноември во Матејче заврши дистрибуцијата на градежен материјал за 172 куќи од прва категорија (дистрибуирано е стакло, вар, прозорци, врати и ламперија). На 24 ноември дистрибуирано е градежен материјал за оштетените куќи од прва и втора категорија. Вкупно беа опфатени 14 куќи. За поправка на оштетените објекти беа дистрибуирани ќерамиди, стакла, прозорци, врати, ламперија и др.

12-18 ноември

УНХЦР на 14 ноември дистрибуира пакети за повратници во кумановскиот регион, во Ваксинце 80 пакети, Опаје 72 и Ропајце 50.

Каритас - Германија на 13 ноември дистрибуираше 3 кутии со долна облека и 30 кутии со нова облека за раселените лица сместени во колективниот центар Олимписко село, каде моментално се наоѓаат околу 360 ВРЛ. На 13-14 ноември беа дистрибуирани 60 кутии со нова облека и 5 кутии со употребена облека за раселените лица од Арачиново, кои се сместени во семејства домаќини.

МЦМС на 16 ноември дистрибуираше градежен материјал за жителите на Матејче.

5-11 ноември

УНХЦР на 5 ноември дистрибуираше 230 пакети за повратници за жителите на село Опаје. Пакетите содржат ќебиња, душеци, пластични церади, градежни алатки, канистри за вода, кујнски прибор и хигиенски средства. Исто така дистрибуирани се пакети за повратници во општина Шипковица: во Лисец за 50 семејства, Гајре 15, во соработка со Ел хилал во Бозовце за 50 и во Вешала за 30 семејства.

Хуманитарната организација АДРА врши проценка на штетите во селата Сетоле, Једоарце и Отуле.

Германскиот Каритас дистрибуираше облека и обуви за колективните центри: Шуто Оризари, Пелагонија, Олимписко Село, Чичино Село, Катланово и Сениќ.

OXFAM обезбеди облека за 600 деца од општина Липково, која се дистрибуира преку Асоцијацијата на жената Албанка.

На 8 ноември МЦМС во Матејче дистрибуираше пет илјади ќерамиди за 55 корисници. Исто така се дистрибуирани греди, цемент, блокови, надворешни врати и прозорци.

29 октомври - 4 ноември

Хуманитарната организација Ел хилал, на 1 ноември, вршеше дистрибуција на помош за жителите на Липково, составена од 650 јоргани, 600 ќебиња како и зимска облека. Исто така дистрибуирани се 150 пакети за повратници (ќебиња, душеци, пластични церади, градежни алатки, канистри за вода, кујнски прибор и хигиенски средства) за жителите на Селце, тетовско.

УНХЦР на 30 ноември дистрибуира пакети за повратници, 30 во Јажинце и 40 во Одри. Во соработка со канцеларијата на претседателот на Општина Тетово, на 2 ноември, дистрибуира 300 пакети за повратници за населбите Купеник и Дреновец. Дистрибуирани се исто така 100 пакети во Глоѓи, 95 во Непроштено и 11 во Лешок, за етнички Албанци и етнички Македонци.

22-28 октомври

IRC продолжува со проценката на оштетените куќи во Липково, Оризаре, Лојане и Ваксинце.

Организацијата Children's AId Direct врши проценка на куќите во Матејче, каде исто така започна и со дистрибуција на градежен материјал.

На 23 октомври UNHCR дистрибуираше пакети за повратници (состав) за 180 семејства во Доброште, во Пршовце за 60 семејства, во Орашје за 40 семејства и во Дреновец за 6 семејства. На 24 октомври девет камиона на UNHCR полни со градежен материјал дистрибуираа помош за селата Липково, Ваксинце и Арачиново.
На 23 октомври UNHCR ја започна автобуската линија од Тетово за Селце, кој ќе сообраќа два пати на ден.

МЦМС на 24 и 27 октомври дистрибуираше 7,500 ќерамиди за поправка на 110 оштетени покриви во селото Радуша. На 24 октомври дистрибуира и градежен материјал за целосна поправка на сите шест куќи во селата Беловиште, Рогачево од општина Вратница и Пршовце (1) од општина Теарце.

На 26 октомври конвој со раселени лица, етнички Албанци и етнички Македонци, од селото Опае ги посетија нивните домови по шест месеци. Околу пеесетина од нив останаа во нивните домови каде што за тоа постојат услови за живеење.

15-21 октомври

Една екипа на Македонскиот центар за меѓународна соработка со два архитекти на 17 октомври беше во посета на селата во Тетовско, каде извршија проценка на оштетените куќи и училишта. Извршена е проценка на училиштата во Слатино, Глоѓи и Нераште, како и куќите од 1 и 2 категорија во Беловиште, Рогачево и Првце.
Исто така започна проценката на оштетените објекти во Матејче, каде МЦМС треба да врши поправки на 180 куќи од 1 категорија.

На 16 октомври за прв пат започна автобуската линија од Липково до Куманово. Превозот е во организација на УНХЦР и сообраќа два пати дневно.

УНХЦР на 17 октомври дистрибуираше 300 пакети со алатки за жителите на селата од општина Боговиње. Пакетите содржат ќебиња, душеци, пластични церади, градежни алатки, канистри за вода, кујнски прибор и хигиенски средства.

Ел хилал дистрибуираше 190 пакети од УНХЦР за повратниците во Отља, Оризаре и Никуштак.

8-14 октомври

По извршената проценка на оштетените куќи во Скопско, Кумановско и Тетовско, повеќе организации искажаа подготвеност да учествуваат во поправката на куќите. Меѓународен комитет за спас/International Rescue Committee (IRC) ќе врши поправки во Кумановско (6 села) и Тетовско (Лисец и Гајре); Засолниште сега интернационал/Shelter Now International (SNI) во Арачиново, Орланци, Мојанци, Грушино и Љуботен; Мовимондо во општина Теарце (Теарце, Лешок и некои други села; Директна помош за децата/Children's Aid Direct (CHAD) во Матејче (категорија 2 и 3) и Опае; Mercy Corps во градот Тетово и селото Селце; Данскиот совет за бегалци/Danish Refugee Council (DRC) во Шипковица; Германскиот црвен крст во Ропалце и Слупчане, како и АДРА во Тетовскиот регион. МЦМС ќе работи во Вратница и на потегот од Теарце кон Вратница, во Отља, Матејче (категорија 1), и Радуша, додека во Лопате деновиве заврши дистрибуцијата на градежни материјали и за втората група од 10 корисници (вкупно 18).

УНИЦЕФ е во тек со проценката на зимски потреби за раселените деца од 0-2 години. Проценката е дека околу 15,000 деца ќе бидат опфатени со дистрибуцијата на зимска облека.

СДР продолжува со верификација на списокот на корисиници на проектот “готовина за семејства домаќини” и се надеваат дека првата исплата ќе биде на крајот на месецот.

1-7 октомври

На 3 октомври во Министерството за транспорт и врски се формираше Комитет за поправка и реконструкција, кој го сочинуваат претставници од Министерството за транспорт и врски, Европска Унија, Амбасадата на САД, УНХЦР, IMG и агенциите кои ќе ги спроведуваат активностите: МЦМС, IRC, SNI, Mercy Corps и Мовимондо.

Извршена е начелна расепределба на подрачјата за улога на агенциите за поправка на објекти во Тетовско, Кумановско и Скопско.

УНХЦР е подготвен да ја започне дистрибуцијата на градежни материјали за поправка на куќите преку спроведувачките партнери: IRC, МЦМС, SNI, Mercy Corps. Во Куманово УНХЦР има отворено магацин за градежните материјали.

На 4 октомври еврокомесарот за надворешни работи Крис Патен потпиша договор со Children's Aid Direct за реконструкција на оштетените куќи во кризните подрачја во Македонија. Со оваа програма ќе бидат опфатени околу илјада оштетени куќи во Арачиново, Тетово и Куманово.

24-30 септември

На 25 септември УНХЦР достави 203 семејни хуманитарни пакети за раселените лица од Лешок и Слатино. Пакетите содржат ќебиња, душеци, пластични церади, градежни алатки, канистри за вода, кујнски прибор и хигиенски средства
На 25 септември, УНХЦР исто така преку Ел хилал изврши дистрибуција на 20 семејни пакети за Лојане и 50 за Ваксинце.

17-23 септември

МЦМС, на 19 септември, достави два камиона со градежен материјал за поправки на осум куќи, од вкупно дваесет, со мали оштетувања во село Лопате. Исто така, на 21 септември беше доставен градежен материјал за поправки и на 12 куќи во Брњарци.

10-16 септември


На 12 септември е одржан состанок меѓу УНХЦР и НВО кои се подготвени да започнат со поправки на оштетните објекти, (Македонски центар за меѓународна соработка, Засолниште сега интернационал, Меѓународниот комитет за помош, Мерси корпс интернационал и Германскиот црвен крст), за согласување на методологијата за поправки.

3-9 септември

УНХЦР врши поправки на крововите кои прокиснувале во колективните центри во Куманово, а во тек се проценски (ИРЦ) на потребите за други поправки (вклучително и парно греење).

27 Август - 2 Септември

Македонската влада и хуманитарните агенции, на 22 август почнаа со проценка на оштетените куќи во село Арачиново. Досега се проценети околу 300 куќи во Арачиново, 20 куќи во Лопате и училиштето во Брњарци.

20-26 Август

Македонската влада и хуманитарните агенции, на 22 август почнаа со проценка на оштетените куќи во село Арачиново. Формирани се заеднички тимови за извршување брза проценка и во другите региони, со цел да се помогне враќањето на раселените лица.

13-19 Август

ИРЦ/УНХЦР извршија проценка на објекти каде би можеле да сместат до 75.000 илјади ВРЛ. Во моментот тече проценката на 40 објекти, концентрирани воглавно во Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје. Објектите се поделени во три групи и тоа: веднаш вселиви, објекти кои потребуваат помали интервенции и објекти кои потребуваат поголеми интервенции.

На состанокот на НХК одржан на 16 август е потенциран проблемот со сместувањето на 2.532 ВРЛ кои се сместени во седум средношколски и студентски интернати кои се употребуваа како колективни центри, бидејќи за помалку од 15 дена треба да започне новата училишна година.

На средбата на УНХЦР договорена е постапката за преценување на оштетените објекти. Проценките ќе ги вршат стручни екипи со учество по еден член од министерството за транспорт и врски, еден член од општината и еден член од донаторот или НВО. По барање на УНХЦР, МЦМС одреди четири архитекти кои ќе учествуваат обуката за проценките.

6-12 Август

УНХЦР/ИРЦ (Меѓународен комитет за спас) ја завршија проценката за нови можни колективни центри во Република Македонија. Извештајот е доставен до Владата за понатамошна координација.


30 Јули - 5 Август

Во Дојран е отворен нов колективен центар каде се сместени 109 лица од тетовските села. Отворен е и комплексот Олимписко Село, за 230 лица.

За семејствата во село Арачиново, на кои им се оштетени куќите, МЦМС подели 1,050 пластични церади, по 100 душеци, кујнски пакети, канистри со вода и хигиенски пакет, сите обезбедени од страна на УНХЦР.

23-29 Јули

Во Скопје во два студентски дома се сместени раселени лица од тетовските села. Во "Стив Наумов" се сместени 720 лица, додека во "Пелагонија" околу 490 лица.

16-22 Јули

Во Куманово е отворен нов колективен центар во Долно Коњаре, каде се сместени 72 лица. Додека во Домот за старци сместени се 13 лица.

9-15 Јули

Не се отворени нови колективни центри за раселените лица.

Владата донесе одлука за финансирање на ВРЛ во колективните центри во износ од 400 МКД дневно за ВРЛ (5,64 УСД). Не е познато дали средствата се доволни за покривање на трошоците (и дали воопшто ќе бидат исплатени) и дали ќе постојат потреби за поддршка од други агенции.

3-8 Јули

Нови колективни центри.
Минатата недела се отворени уште два колективни центри, во Куманово и тоа: хотел Кристал со капацитет за 80 лица (сместени 170) и хотел Куба, за 120 (сместени 130).

Во близина на Скопје, во селото Чичино Село се наоѓа рекреативниот центар за деца и младинци со капацитет за 160 лица. Во овој комлекс се наоѓаат четири павиљона по 12 соби и еден павиљон со 9 соби. Во нив се сместени 99 раселени лица од Радуша.

Првата детска амбасада во светот "Меѓаши" во Скопје веќе еден месец се грижи за 14 раселени лица, кои се иселија од селото Арачиново во почетокот на судирите меѓу албанските екстремисти и македонските безбедносни сили.

24 Јуни - 3 Јули

Нов колективен центар.
Освен петте тнр. колективни центри во кои се засолнети внатрешно раселените лица во Скопје, ученичките домови "Здравко Цветковски", "Томе Стефановски-Сениќ", студентскиот дом "Стив Наумов", институциите "Димитар Влахов" и "Ранка Милановиќ", во селото Чичино Село е отворен уште еден центар, чиј капацитет е доволен за 140 лица. Во него се сместуваат ВРЛ од с. Радуша. Покрај МЦМС и МЦК/МКЦК, Минситерството за труд и социјална политика одобри средства за финансирање на дел од режиските трошоци на центрите.

Подготовка на нови центри. Деновиве се подготвуваат уште три колективни центри, во Куманово и тоа: хотел Кристал со капацитет за 80 лица, хотел Куба, за 120 и студентскиот дом во Долно Коњаре за 70 лица.

Nazad kon Pomosh