Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Инфраструктура - од МЦМС Извештаи за ситуацијата

27 мај - 9 јуни 2002 година

УНХЦР на 27 мај дистрибуира два камиона хуманитарна помош во тули и вар за поправка на оштетените куќи во селото Брест. Во ова село се идентификувани 48 куќи од 1 и 2 категорија и 34 од 3 и 4 категорија.

УНДП информира дека проектот за алтернативно водоснабдување на градот Куманово ќе почне да се спроведува во текот на месец јуни.

20 мај - 26 мај 2002 година

УНХЦР досега одобри 43 проекти со брзо дејство.

ОЦХА побарала ургентни средства околу 16 милиони евра за реконструкција на 909 куќи од 3 и 4 категорија кои не се обезбедени досега..

Германската хуманитарна организација "Адра" ги заврши работите околу обновата на оштетените куќи од прва и втора категорија во селата Једоарце, Сетоле и Отуње. Во овие села се очекува да се реконструираат уште 15 куќи кои се потполно разрушени.

13 мај - 19 мај 2002 година

УНХЦР е донатор на Програмата за градба што се спроведува преку Данскиот совет за бегалци. Со овој проект се опфатени 115 живеалишта кои претрпеле оштетувања од прва и втора категорија во селата Варвара, Брезно и Јелошник.

Германската хуманитарна организација "Адра" ги заврши работите околу обновата на оштетените куќи од прва и втора категорија во селата Једоарце, Сетоле и Отуње. Во овие села се очекува да се реконструираат уште 15 куќи кои се потполно разрушени.

8 април - 14 април 2002 година

УНХЦР продолжува со дистрибуција на градежен материјал за 1.200 куќи во рамките на програмата за итна поправка на куќи за 2002 година. Дистрибуирани се материјали во селото Лавце и населбата Дреновец во Тетово, како и во Арачиново. До крајот на овој месец се очекува дистрибуцијата да заврши во 12 села во кризните региони, со што ќе се обезбеди поправка на 607 куќи со помали оштетувања.

1 април - 7 април 2002 година

На 3 април УНХЦР, преку ИРЦ и ДРЦ, почна со дистрибуција на градежен материјал за 131 оштетени куќи од 1 и 2 категорија во селото Ваксинце.

Директна помош за децата/CHAD сеуште не ги продолжува активностите за дистрибуција на градежен материјал за оштетените куќи во село Матејче, по инцидентот од пред еден месец.

Наменските сили Лисици подготвуваат проект за водоснабдување и санитација за општина Јегуновце.

Засолниште сега интернационал/СНИ и Советот на НВО подготвуваат брошура за стандардите за реконструкција кои ќе им се дистрибуираат на корисниците.

Европска перспектива продолжува со дистрибуција на градежен материјал за оштетените куќи од 2,3 и 4 категорија во Арачиново.

25 март - 31 март 2002 година

Според програмата за засолништа на УНХЦР за 2002 година, проценката на 614 куќи од 1 и 2 категорија е комплетирана. Дистрибуцијата на градежните материјали е веќе започната. Комплетирањето на првата фаза се очекува да заврши кон крајот на април, додека втората фаза се очекува да трае од мај до септември, со оваа програма. Ќе се поправаат сите куќи од категорија 1 и 2 оштетувани за време на конфликтот.

18 март - 24 март 2002 година

Европска перспектива започна со дистрибуција на градежни материјали за оштетените куќи во Арачиново и Орланци. Во Арачиново се идентификувани 40 куќи од прва категорија, 100 од втора, 116 од трета и 5 од четврта категорија. Во Орланци 5 куќи од прва категорија, 20 од втора и 9 од трета категорија.
За околу 500 до 600 куќи од 3 и 4 категорија не се обезбедени фондови за реконструкција. Хуманитарната коориднација ова го произнеле на донаторската конференција во Брисел, а писма се испратени до амбасадите.

11 март - 17 март 2002 година

УНХЦР ја привршува проценката на штетите на околу 600-700 куќи во 18 села од кризните региони, по што треба да започне дистрибуцијата на градежен материјал за нивна поправка. Оштетените куќи се од 1 и 2 категорија. Буџетот за нивна поправка е околу 800 илјади долари.

УНДП планира изградба на алтернативен извор за водоснабдување на Медицинскиот центар во Куманово. Исто така се планираат додатни извори на вода во градот Тетово, како и во општините Јегуновце и Вратница.

4 март - 10 март 2002 година

Директна помош за децата/CHAD ги суспендира на недодредено активностите околу реконструкцијата на оштетените куќи во Матејче, липковско. Активностите се запрени по физички напад на еден од работниците на CHAD.

УНХЦР ја комплетираше брзата проценка на 24 села во кризните региони. Во тек е социјална и техничка проценка на 700 куќи од 1 и 2 категорија во овие села.

Нивото на водата во хидроакумулациите Глажња и Липковксо Езеро е намален. Изградбата на двата алтернативни извори, кои се предвидени за дотур ќе почнат на 15 овој месец. За изградбата на бунарот во селото Проевце се обезбедни средтсва од Владата на Италија, во висина од 850.000 долари. Бунарите во населбата Бедиње и селото Ржановце ги финансира Европската агенција за реконструкција и Велика Британија, за што се предвидени околу 400.000 долари.

28 февруари - 3 март 2002 година

Европската агенција за реконструкција од 1 април годинава ќе обезбеди месечен надомест од 75 евра за 2.800 семејства, кај кои се згрижени раселените лица и за уште 600 семејства, кои згрижеле бегалци од Косово. Исплатата ќе се реализира на секои три месеци.
Во селото Побожје во општина Чучер Сандево почна изградбата на водоводот. Новиот резервоар ќе има зафатнина од 200 мі, а веќе се поаставени новата пумпна станица и пумпите во селото. Донатор на овој проект е УСАИД.

18 февруари - 24 февруари 2002 година

УНХЦР дистрибуира 200 пакети за повратници во селото Вејце.
УНХЦР потпишал поддоговор со ИРЦ и ДРЦ за брза проценка на селата, што ќе покрива околу 600 куќи од 1 и 2 категорија во регионот на Тетово, Куманово и Арачиново.

УНХЦР обезбеди 3 милиони долари за Проекти за брза имплементација за оваа година. Проектите не може да траат повеќе од три месеци.

11 февруари - 17 февруари 2002 година

УНХЦР досега има извршено поправки на околу 4.000 куќи, додека во соработка со ЕАР до крајот на мај оваа година во план е поправка на уште 750 оштетени куќи во кризните региони.

Хуманитарната организација АДРА, со финансиска поддршка на германската влада, ќе почне со активности за обновување на 127 разурнати и уништени куќи на етнички Македонци во тетовските села Сетоле, Отуње и Једоарце.

ИМГ ќе врши проценка на инфраструктурата и оштетените куќи во кризните региони.

Амбасадата на Франција во Македонија обезбеди 1 милион француски франци за месната заедница од село Теарце. Овие средства, меѓу другото, ќе бидат користени за решавање на проблемот со водоснабдување во ова село.

На 14 февруари заврши програмата за рехабилитација на електричната мрежа во село Арачиново. Електрична енергија е обезбедена за 2.000 домаќинства. Оваа програма е финансирана од ЕУ.

4 февруари - 10 февруари 2002 година

УНХЦР во изминатата недела изврши дистрибуција на дрво за огрев за населението во кризните региони, како и за раселените лица од Танушевци кои се сместени во семејства домаќини. УНХЦР дистрибуира 160 м³ дрво за огрев во Оризаре, 174 м³ во Ропаљце, 274 м³ во Грушино, како и 122 м³ за жителите од Танушевци, кои се привремено сместени во семејства домаќини. Со дрво за огрев се помогнати вкупно 365 семејства.

Европска перспектива со донација од Министерството за надворешни работи на Грција, ги заврши двата започнати проекти. Едниот е дистрибуција на градежен материјал за 94 семејства домаќини низ земјава, а другиот е градежен материјал за 11 семејства во Арачиново.

Досега Европска перспектива, со донација од Европската агенција за реконструкција (ЕАР), има извршено социјална проценка на 600 куќи и техничка проценка на околу 180 куќи. Од пред неколку дена започна дистрибуцијата на градежен материјал за куќите со оштетеност од 1,2 и 3 категорија во скопското село Арачиново.

ИМГ ќе реконструира 756 куќи. Веќе се идентификувани 540 корисници, додека 220 остануваат да бидат идентификувани. Веќе се комплетирани 250 социјални проценки.

28 јануари - 3 февруари 2002 година

Специјалниот советник на САД за Југоисточна Европа, амбасадорот Џејмс Холмс, претсојуваше во Тетово, каде имаше средба со градоначалникот Муртезан Исмаили, при што донираше помош во висина од 83.000 долари од Агенцијата за меѓународен развој на Владата на САД - УСАИД. Во моментот се изведува дупчење за добивање подземна вода за снабдување на Тетово, каде рестрикциите траат по 12 часа дневно. Со овој проект треба да се изградат две пумпни станици на два извора во Тетово.

Европската агенција за реконструкција се вклучи во поправката на електроенергетската мрежа во различни региони, за што се одвоени 10,5 милиони евра. Потпишани се договори со Електростопанство на Македонија и со италијанската компанија „ЕНЕЛ“ , која е задолжена за контрола на целиот процес. Во рамките на оваа програма завршени работите за обновување на енергетската мрежа во Тетово, како и во околните места, а 80% од домаќинствата во Арачиново повторно добија електрична енергија.

29 октомври - 4 ноември

УНИЦЕФ објави дека повеќето проекти за поправка или рехабилитација на системите за водовод и санитација ќе бидат имплементирани идната година, кога безбедносната состојба ќе биде подобра и опасноста од мини ќе биде редуцирана.

22-28 октомври

UNHCR обезбедува два-три цистерни со вода на ден за селото Љуботен, за да се покрие недостатокот од вода додека не се најде решение за подолг период.

17-23 септември

МЦМС постави по еден пластичен резервоар за вода (20.000 литри зафатнина) за Орланци и Арачиново.


3-9 Септември

Во село Арачиново, Комунална хигиена продолжува да доставува вода во четирите поставени резервоари за потребите на населението.

27 Август - 2 Септември

Во село Арачиново, МЦМС инсталираше 5 резервоари (еден резервоар има зафатнина од 20.000 литри) за технолошка вода. Дотурот на водата и натаму ќе ја врши Комунална хигиена, но се очекува значително растеретување на механизацијата.

20-26 Август

Во село Арачиново, МЦМС ќе инсталира 4 резервоари (еден резервоар има опфатнина од 20.000 литри) за технолошка вода, но истата може да се искористи и за пиење.

Во текот на неделата, со одговорните од општината и од комуналното претпријатие „Комунална хигиена“ ќе бидат утврдени локациите за поставување на резервоарите.

13-19 Август

Се очекува пробно да биде пуштена пумпната станица за потребите на Медицинскиот центар во Куманово.

6-12 Август

На 6 август водата од Липковоското езеро беше стопирана од страна на т.н. ОНА, со што е прекинато водоснадбувањето на Куманово. Обновувањето е условено со хуманитарна помош и отстранување на прекинот на електрична енергија за Липково. И двата услови беа исполнети. На 10 август водата потече во градскиот водовод, но поради процедурата со хиперхлорирање и пречистување на системот, водата се користи само како техничка вода. Се очекува вода за пиење жителите на Куманово да добијат на 14 август.

30 Јули - 5 Август

Штабот за цивилна заштита ја заврши поправката на оштетениот водовод во село Отља, каде веќе неколку месеци жителите се соочуваат со недостиг на вода.
Комунална хигиена – Скопје, врши редовно снабдување на населението во село Арачиново со вода за пиење. Секој ден се дистрибуираат 42 тона вода. Во селото, исто така, постојат три селски чешми.

Ел хилал, во соработка со МЦМС, обезбеди 15 тони минерална вода за Арачиново, во првите три дена од враќањето на раселените лица.

Во Тетово останува проблемот со водоснабдување.

Некои населби дури 24 часа немаат вода. ОЏФАМ поставил мобилни резервоари со вкупна зафатнина од 90 м^3;. Трите мобилни резервоари се монтирани во одделни населби, но нема можности секогаш да бидат во функција, бидејќи општината не е во можност константно да ги полни истите. Општината бара да се поддржи градскиот водовод со алтернативни бунари. Според странските агенции ова е структурно прашање и нема поддршка за планот на општината. МЦМС ја разгледува можноста за изградба на еден бунар/пумпна станица. Во соработка со ЈКП Тетово, локацијата ќе биде дополнително утврдена.

23-29 Јули

МЦМС работи на обезбедување постојан извор на вода за Медицинскиот центар во Куманово.

Натира има обезбедено делови за поправка на водоводот во с. Отља – Липково. Се уште нема дозвола од Координативното тело за справување со кризи за влез во селото.

МЦМС изврши прва дистрибуција на вода во шишиња за повратниците во Арачиново.

16-22 Јули

Во Тетово има недостиг од вода поради оштетувања на системот и поради летниот период, поради што се воведени и рестрикции за снабдување со вода до осум часа.

Во Медицинскиот центар во Куманово почна да се гради пумпната станица за резервно напојување со вода. Објектот се очекува да биде изграден следната недела.

9-15 Јули

МЦМС продолжува со активности за обезбедување на алтернативен извор на вода за Медицинскиот центар во Куманово. По првата неуспешна проба, втората проба покажа дека изворот е употреблив.

3-8 Јули

Првата фаза на активностите на МЦМС околу водоснабдувањето на Медицинскиот центар во Куманово е во тек. По првата анализа на водата е откриено малку поголемо количество на железо. Во тек е второто испитување.

24 Јуни - 3 Јули

Активностите на МЦМС во секторот на водоснабдувањето во Куманово се во тек. Со нив ќе се обезбеди независно водоснадбување на Медицинскиот центар - Куманово. Донацијата на МЦМС ќе изнесува повеќе од 2.000.000 МКД. МЦМС ја разгледува можноста за дополнителни активности во делот на итното водоснабдување.

11-24 Јуни

МЦМС започна со активности во секторот на водоснабдувањето во Куманово. Со овие активности ќе се обезбеди итно водоснадбување на Медицинскиот центар - Куманово.

Освен тоа, ќе се овозможи и понатамошно долгорочно резервно и независно водоснабдување на медицинскиот центар со доволни количини здрава вода за пиење. Тоа ќе овозможи во иднина при вакви кризни ситуации центарот да функционира независно и дополнително да овозможува вода за пиење покрај за пациентите и за локалното население.

Овај проект е значаен и поради тоа што ќе се овозможи постојана количина на квалитетна вода, посебно за центарот за дијализа, кој е единствен од овој тип во источниот дел на Македонија.

Активноста опфаќа изградба на експлоатационен бунар и пумпна станица заедно со сета потребна електромашинска и санитарна опрема. За ова, МЦМС ќе донира повеќе од 2.000.000 МКД

Nazad kon Pomosh