Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Засолништа - Секторски состанок

Извештај од состанокот за семејства - домаќини
31ви август 2001


Присутни:

UNHCR
ARC
UNICEF
IRC
Save the Children UK
World Vision
European Perspective
IOM
DRC
CESVI
SDR
МЦМС
HMNC
CRS


Состанокот го водеше Г-н Агостино Мулас кој го предложи следниот дневен ред:

1. Помош во пари за семејствата домаќини

Претставникот на Швајцарската амбасада-Оддел за хуманитарна помош го презентираше проектот пари за засолниште (цcash for shelter) за кој чекаат финанските средства да бидат одобрени. Проектот ќе се однесува на семејства кои примиле намалку 2 ВРЛ . Ова е ретроактивна програма и ќе биде имплементирана во соработка со МЦК. Иницијално ќе им бидат исплаќани по 70 ДЕМ на семејставата, а во зимскиот период ќе добиваат по 100 ДЕМ месечно.

2. Помош за семејствата домаќини

ECHO информираше дека како додатна помош тие донирале хигиенски пакети
(20 ДЕМ е вредноста на еден пакет) кои месечно се дистрибуираат на семејствата домаќини. Понатамошни активности на ова поле ќе ги планираат по добивањето на резултатите од анкетата за проценка на вулнерабилноста и потребите за храна на ВРЛ и семејствата домаќини, водени од УНИЦЕФ и WFP.

Претседавачот истотака ја потенцираше неопходноста од давање помош на семејствата домаќини.

3. Проценка на потребите на ВРЛ и семејствата домаќини

Претставникот на УНИЦЕФ информираше за зпочнатата проценка на вулнерабилноста на ВРЛ во колективните центри и семејства домаќини. Обучени се 30 тима ( 60 луѓе вкупно) кои ќе го вршат анкетирањето и резултатите се очекуваат кон крајот на септември.

ECHO го замоли УНИЦЕФ да ги достави прелиминарните резултати за да можат агенциите да ги планираат своите активности.

Nazad kon Pomosh