Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Храна - МЦМС Извештај за ситуацијата

27 мај - 9 јуни 2002 година

Канцеларијата на Светската програма за храна во Скопје од 1 јуни оваа година престана со работа.

МКЦК продожлува со дистрибуција на храна за раселните лица со регистарски картони од Македонскиот Црвен крст.

20 - 26 мај 2002 година

Канцеларијата на Светскиот програм за храна ќе биде затворена кон крајот на мај.

Дистрибуцијата на храна за ВРЛ, семејства домаќини и социјални случаи ќе продолжи преку ЕЦХО до јули. Дистрибуцијата на храна за ВРЛ ќе продолжи до ноември..

13 - 19 мај 2002 година

МФЦК и Интерсос дистрибуираа пакети со храна и хигиенски производи за 3.636 раселени лица од Тетовско.

8 - 14 април 2002 година

МКЦК дистрибуира пакети во храна за 295 лица од Горнореканскиот крај.

1 - 7 април 2002 година

На 4 април од страна на француската амбасада и фирмата "Зегин" било дистрибуирано брашно и лекови за 100 семејства во Лешок и 100 семејства во Липково.

МКЦК продолжува со редовна дистрибуција на пакети со храна за раселените лица.

25 - 31 март 2002 година

МКЦК во текот на март дистрибуира хуманитарна помош за 2.927 ВРЛ сместени во колективни центри. Од Зимската програма за микро раселени помош добиле 3.337 лица во Тетово и 197 во Скопје. Исто така е извршена тримесечна дистрибуција за селата Малина Мала, Брест, Гошинце, Лукаре, Ранковце, Пресница, Стрима, Алашевце и Руница, каде е дистрибуирана помош за 733 корисници.

11 - 17 март 2002 година

МКЦК изврши дистрибуција на хуманитарни пакети за 520 лица во селата Малина Мала и Брест. Помошта се состоеше од брашно, прехранбени и хигиенски артикли и беби-пакети.
Ел хилал, ограноците од Гостивар и Велес, донираа 5 тони брашно за раселениоте лица од Скопска Црна Гора, поточно 8 тона за жителите од регионот на Липково.

4 - 10 март 2002 година

МКЦК/ICRC почна со втората дистрибуција на пакети со храна за 3,500 корисници од програмата за "микро-раселени". Дистрибуцијата се одвива во Скопје и Тетово. Во тек е дистрибуција на храна и за ВРЛ сместени во колективните центри.

25 февруари - 3 март 2002 година

Редовно се одвива дистрибуцијата на храна за ВРЛ (Интерсос) и повратници (ААХ) преку Црвен крст на Македонија.

18 - 24 февруари 2002 година

Огранокот на Ел хилал од Струга на 18 февруари дистрибуира 50 тони помош во храна, хигиенски производи и облека за населението од општина Липково. Огранокот на Ел хилал од Гостивар дистрибуира 20 тона храна и хигиенски производи за селата Ропаљце и Отља. На 20 февруари Ел хилал за 50 жители од Битола дистрибуира пакети со храна и хигиенски производи.
Црвениот крст на град Тетово заврши со февруарската дистрибуција на пакети со прехранбени и хигиенски производи за 3.690 семејства од овој град.

Хуманитарната организација „Мајка Тереза“ од Струга дистрибуира 18 тони храна и хигиенски производи за населението од општина Липково. Помошта состоела 10 тони брашно, 300 кг компири, 1800 кг млеко во прав, 300 литри зејтин, 400 кг шеќер, 330 ќебиња, 10.000 парчиња сапун и 200 парчиња шампон.

МКЦК во текот на рфевруари дистрибуира помош во храна за 2.871 ВРЛ сместени во колективни центри, како и за 4.801 микро-раселени лица во Скопје и Тетово.

4 - 10 февруари 2002 година

Хуманитарната организација „Милосрдие“ дистрибуира хуманитарна помош во прехранбени производи на раселените лица од кризните региони и на жителите од ридско-планинаските населби кои за време на снежните врнежи беа отсечени подолго време.

Ел хилал во текот на минатата недела дистрибуира 5 тона помош во прехранбени и хигиенски производи во Радуша на 16 февруари, 10 тони во Оризаре на 17 февруари и 50 тони за Липково на 17 февруари.
Црвениот крст на град Скопје од 11 февруари па до 22 фервуари почна со дистрибуција на хуманитарна помош за раселените лица сместени по семејства домаќини.

МЦМС во минатата недела дистрибуира 150 тони портокали во скопскиот, тетовскиот и кумановскиот регион. Дистрибуирани се протокали за ВРЛ преку Црвениот крст, во колективни центри, социјални установи, преку локални организации е извршена дистрибуција за ВРЛ сместени во семејства домаќини како и за повратниците во кризните региони.

28 јануари - 3 февруари 2002 година

ИЦРЦ/МКЦК дистрибуира помош во храна за 4,800 микро-раселени лица во Скопје и Тетово. Пакетот на МКЦК содржи 12 кг. брашно, 1 кг. грав, 1 кг. шеќер, 1 кг. ориз, 1 литар масло за јадење, 0,25 кг. сол, 1 кг. макарони, 0,1 кг. квасец и 0,25 кг. сардини.
ААХ дистрибуира храна за околу 14,700 лица во селата од кризните региони.

Интерсос дистрибуира помош за 13,500 ВРЛ сместени во семејства домаќини. Помошта е составена од 20 кг. брашно, 2 кг. ориз, 2 кг. шеќер, 2 литри масло за јадење и 2 кг. макарони.

Ел хилал за потребите на населението во општина Липково, на 28 јануари дистрибуира 10 тони храна за Липково и на 31 јануари 10 тони за Слупчане.

26 ноември - 2 декември

Хуманитарната организација Ел хилал дистрибуираше пакети со прехранбени артикли за раселените лица. За селата Малино, Танушевци и Брест се поделени по 100 пакети, за Мојанце 180, и за Лавце 200 пакети. На 29 ноември дистрибуира 17 тони помош во храна (брашно, ориз, сол, шеќер, макарони, зејтин) и хигиенски производи за жителите од општина Липково.

Натира од Куманово дистрибуира 625 килограми брашно за 12 семејства во селото Пресница и за 13 семејства на ВРЛ од Куманово.

19-25 ноември

Хуманитарната организација Ел хилал дистрибуира 12 тона помош во основна храна и хигиенски производи за Липково и 5 тона за семејствата во Тетово.

WFP информира дека 45,000 корисници ќе добијат помош во храна во текот на ноември. ИнтерСос и Action Against Hunger ги покриваат потребите на ВРЛ кои не се регистрирани од страна на IFRC/МФЦК. IFRC продолжува да дистрибуира помош во храна за колективните центри.

12-18 ноември

Хуманитарната организација Ел хилал за потребите на жителите од скопските и кумановските села дистрибуираше прехранбени и непрехранбени производи. На 14 ноември огранокот на Ел хилал од Прилеп дистрибуираше 2,5 тони со храна и хигиенски прозиводи во Арачиново, додека огранокот од Гостивар, 15 тона помош за жителите на општина Липково. На 15 ноември дистрибуирани се 15 тона помош во основна храна и хигиенски производи во селото Ваксинце.

Интерсос продолжува со дистрибуција на основна храна за 4,300 лица.

МПДЛ дистрибуира основна храна за бегалците и за 1,000 семејства домаќини кои ги засолниле.

5-11 ноември

ICRC/МКЦК заврши со последната дистрибуција што опфаќала осум илјади корисници во село Арачиново. Од почетокот на октомври помогнати се 82,000 лица во кризните региони.

WFP/SOH ја заврши проценката за потребите на храна, финансирана од ECHO а спроведена од AAH/Акција против гладот со поддршка на SOH.

Шпанската хуманитарна организација MPDL во текот на 6 и 7 ноември вршеше дистрибуција на пакети со свежа храна, донација од ECHO, за колективните центри во Катланово и Шуто Оризари. Пакетите содржат млеко, конзервирано месо, рибји конзерви, компот, сирење и кромид. Во Катланово се дистрибуирани 540 хуманитарни пакети, додека во Шуто Оризари 1220. За Заедницата на Србите и Македонците во Македонија, преку организацијата “Македонија” се дистрибуирани 600 пакети за ВРЛ и 150 пакети за семејствата домаќини.

29 октомври - 4 ноември

Огранокот на Ел хилал од Гостивар на 1 ноември дистрибуираше 10 тона со основна храна за жителите на село Виштица.

„Месечина“ за раселените лица од горнореканскиот регион дистрибуира 100 пакети со хуманитарна помош (прехранбени и хигиенски производи).
ИЦРЦ/МКЦК дистрибуираше прехранбени пакети за 18,000 лица, од кои 11,400 се за ВРЛ сместени во семејства домаќини, 2,800 ВРЛ во колективни центри и 3,800 за повратници и лица во кризните региони.

22-28 октомври

Хуманитарната организација Ел хилал на 22, 26 и 28 октомври дистрибуираше хуманитарна помош од 43 тона основна храна и хигиенски производи за селата Ваксинце, Хасан бег и раселените семејства сместени во Тетово.

Класје на добрината од 22 до 28 октомври дистрибуираше семејни пакети за 120 семејства во Скопје. Еден пакет содржи по 3 килограми брашно, масло, шеќер, ориз, макарони, 10 сапуни, 5 билјани и памперси.

Тимови на ICRC/МКЦК на 23 октомври го посетија селото Гошинце во Скопска Црна Гора каде околу 200 лица кои се вратиле во нивните домови имаат потреба од помош.

15-21 октомври

Ел хилал дистрибуираше 60 тона помош во храна и хигиенски производи за селата Липково, Ваксинце, Слупчане и во Куманово.

8-14 октомври

Ел хилал продолжува со дистрибуција на помош во храна и хигиенски производи во подрачјата погодени со воени дејствија. Минатата недела дистрибуирале 75 тона помош за Селце и Липково, 7,4 тона за Дреновец и 16,5 тона помош за Дворце и Радуша.

Хуманитарната организација Милосрдие изврши дистрибуција на пакети со храна за колективните центри, и тоа Олипмиско село 96 пакети, Пелагонија 140, Стив Наумов 230, Ранка Милановиќ 34, Томе Сениќ 52, Партениј Зографски 46, 25 мај 30, Здравко Цветковски 47 и Меѓаши 14 пакети.

МЦМС дистрибуираше 10 тона сточна храна за селта Отља и Матејче.

1-7 октомври

Турската црвена полумесечина во соработка со ICRC/МКЦК и Црвениот крст на Македонија донираше прехранбени производи за 1,000 раселени семејства од кризните региони во вредност од 25,000 американски долари.

Ел хилал дистрибуираше околу 70 тони храна и хигиенски производи за селата Ваксинце, Матејче, Оризаре, Виштица, Бродец, Селце и општина Чаир.
Натира дистрибуираше 2 тона брашно за жителите на Ваксинце.

WFP изведува проценка за потребите на храна за целото погодено население (ВРЛ во колективни центри, ВРЛ во семејства домаќини, повратници, население кое останало цело време во кризните региони).

24-30 септември

Ел хилал изврши дистрибуција на 20 тона прехранбени производи и хигиенски артикли за општина Липково.

МЦМС за селата Луковица, Урвич, Јеловјане Јегуновце, Слатино и Лешок дистрибуира вкупно 8,7 тона брашно, 8,5 тона сточна храна, 600 килограми шеќер, 600 литри зејтин, 300 кг сол и хигиенски артикли.

17-23 септември

Хуманитарната организација Ел хилал дистрибуира воглавно основни прехранбени артикли и хигиенски материјал за населението во кризните региони, како и во Арачиново и Брњарци. Во Радуша се однесени 10 тона храна, во Липково 20 тона, во Ѓермо 4 тона, Арачиново 11 тона и Брњарци 3 тона.

ICRC/МКЦК на 18 септември дистрибуира пакети со храна и брашно за 160 семејства во општина Шипковица.

На 20 септември УНХЦР дистрибуира 50 каети со прехранбени артикли, ќебиња и шатори за 50 семејства од село Љуботен.

МЦМС на 20 септември дистрибуира помош во храна за жителите на селата Ратае и Жилче. Помошта се состоеше од 3,374 кг брашно, 810 литри зејтин, 540 кг шеќер и 270 кг сол.


10-16 септември


WFP – Светската организација за храна во соработка со AAH – Акција против глад, минатата недела изврши проценка на потребите за храна во скопксиот и тетовскиот регион. Тие ги посетија селата Арачиново, Страчинце, Доброште и Вратница.

Ел хилал дистрибуираше помош во храна, хигиенски артикли за Радуша (3,7 тона), Битола (10 тона брашно), и тетовските села Рогле, Церово и Селце (6 тона).
МЦМС на 14 септември достави 8 тона основни прехранбени намирници (брашно, зејтин, шеќер и сол) за 130 семејства во селата Урвиче и Јеловјане.


3-9 септември


Конвој за Вратница и Орашје
.
МЦМС и Кооперационе италијана-канцеларија за итни интервенции при италијанската амбасада во Скопје, организираа конвој со хуманитарна помош за Вратница и Орашје. Помошта се состоеше од прехрамбени артикли, зеленчук, сточна храна, хигиенски продукти, храна за бебиња и памперси. Исто така МЦМС преку својот партнер Натира достави помош за населението во општина Липково.

Ел Хилал достави помош во храна и хигиенски артикли до Липково, Ѓермо, Непроштено и Љуботен.


27 Август - 2 Септември


Помош од УНХЦР за раселените лица од Љуботен. На 29 август, во населбата Чаир, УНХЦР делеше хуманитарна помош за 43 раселени лица од скопското село Љуботен. Помошта се состоеше од ќебиња, душеци, хигиенски артикли и кујнски прибор.

Огранокот на Класје на добрината од Скопје започна со дистрибуција на помош во храна за месец август, за раселените лица од кризните региони, кои се сместени во семејства домаќини во Скопје.

На 27 август НВО Натира од Куманово, почна со дистрибуција на брашно за 1000 семејства (25кг за 1 семејство).

На 31 август ИЦРЦ/МКЦК дистрибуираше помош за жителите на општина Теарце (Непроштено и Слатино) и општина Липково. Помошта се состоеше во семејни и индивидуални пакети со храна, пченично брашно и комплети за бебиња.


20-26 Август

Помош за раселените лица.


Конвој за Вратница, Јажинце и Шипковица.
На 22 август, четири домашни НВО: Ел Хилал, Милосрдие, Класје на добрината и МЦМС организираа конвој од седум камиони со хуманитарна помош за жителите од Вратница, Јажинце и Шипковица. Четири камиона беа наменети за Вратница, еден за Јажинце и два за Шипковица. Со конвојот отидоа и два автобуси со раселени лица од Лешок и Теарце, кои ги посетија нивните домови. Помошта се состоеше од основна храна, свеж зеленчук, хигиенски продукти и сточна храна.

МЦМС достави основна храна за кујните во колективните центри “1 мај”, “25 мај” во Скопје и “Негорски бањи” во Гевгелија. Исто така дистрибуираше 25 тона брашно за ВРЛ сместени во 400 семејства домаќини во Куманово.

Ел Хилал врши дистрибуција на 610 пакети со хигиенски артикли, обезбедени од ДРЦ (Дански совет за бегалци), за ВРЛ сместени во семејства домаќини, 305 пакети во Тетово и 305 пакети во Скопје.

Црвениот крст на Скопје отвори магацин каде раселените лица, кои имаат евидентен лист од било која општинска организација, можат да подигнат облека, обезбедена од многубројни национални хуманитарни организации.

САЖМ врши дистрибуција на хуманитарна помош за 103 семејства од приватните донации во Тетово.


13-19 Август

Помош за раселените лица.
Конвој на Ел хилал за Шипковица. На 14 август, по четиримесечна изолација, конвојот на Ел хилал со хуманитарна помош, состоен од пет камиона (48 тони) основна храна и лекови стигна во општина Шипковица. Помошта е намената за селата Шипковица, Лисец, Гајре, Бозовце и Вешала, каде во моментот се наоѓаат околу пет илјади жители, етнички Албанци.

Конвој на МКЦК/ИЦРЦ за Вратница, Јажинце и Шипковица. На 15 август, МКЦК/ИЦРЦ достави помош за Вратница и Јажинце во основни прехрамбени продукти (24. т брашно, зејтин, квасец), додека за Шипковица подели 900 семејни пакети, 80 бебешки пакети и 21.6 т брашно.

МЦМС достави основна храна за потребите на заедничките кујни во колективните центри “25 Мај” и “1 Мај” во Скопје и за К.Ц. Негорски бањи во Гевгелија.



6-12 Август

Конвој на МЦМС за Вратница и Јажинце.
МЦМС, на 7 август, успеа да достави помош за жителите на општина Вратница, по неуспешниот обид од 4 август. Помошта се состоеше од 15 тони основни животни продукти. Кај појдовната точка (бензинската пумпа Петрол компани пред Тетово) четири од шесте камиони се вратија назад, заради несигурноста на возачите во безбедноста на патот Тетово – Јажинце. Конвојот беше запрен кај село Џепчиште, од месното население, етнички Албанци, и по два часа, со посредство на ЕУ Мониторинг Мисијата, беше пропуштен. Помошта стигна во општина Вратница (за селата Вратница, Беловиште, Старо Село и Рогачево), населено со етнички Македонци, а дел беше испорачан во село Јажинце (за Јажинце и Орашје) населено со етнички Албанци. Дел од помошта во свежа храна (компир, пиперки, зелка) што требаше да се достави во Вратница и Јажинце, се пренамени за ВРЛ сместени во колективните центри во Пелагонија и Олимписко Село.

Конвојот на МКЦК со храна и лекови на 7 август влезе во Липково.


30 Јули - 5 Август

Помош за општина Вратница.
По 15 дена изолација, на 31 јули, заедно со конвојот кој беше организиран за раселените лица од Лешок, Непроштено и Теарце, за селата Вратница, Беловиште, Старо Село се дистрибуираше и храна за жителите.

Помош за раселените лица.
Меѓународниот комитет на црвениот крст, заедно со општинскиот Црвен крст на Тетово, од 06 до 21 август, ќе ја врши третата дистрибуција на помош за ВРЛ кои се регистрирани во мај и јуни.

МЦМС дистрибуираше храна за новопристигнатите ВРЛ во колективниот центар во Дојран.

Хуманитарен конвој за општина Липково.
По девет дена чекање дозвола, Ел хилал успеа да достави 62 тони храна за жителите на општина Липково. Исто така, помош достави и организацијата Мајка Тереза. МЦМС, преку Натира, се придружи на конвојот на 1 август и дистрибуира 18 тона храна и 10 тона сточна храна.

“Класје на добрината” дистрибуира помош во храна и хигиенски средства за 700 семејства во Куманово и за 1780 семејства во Скопје. Во Тетово е поделена помош од 12 тони храна.



23-29 Јули

Помош за раселените лица.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст дистрибуира хуманитарна помош за ВРЛ од Тетовско во хотелот "Пелагонија", а започна и дистрибуција на основна храна и лекови во селата во Тетовско, од каде беа иселени жителите пред недела дена.

Црвениот крст на град Скопје почна со дистрибуција на хуманитарна помош за привремено раселените лица од подрачјето на Скопска Црна Гора, тетовскиот и кумановскиот регион. Помошта се дели во дистрибутивните пунктови Момин Поток 2 и во ОУ "Никола Вапцаров".

Натира доделува пакети со храна за 1453 раселени семејства во Куманово.
МЦМС дистрибуираше храна во колективниот центар во Долно Којнаре (за 100 ВРЛ/1 месец), како и за новопристигнатите ВРЛ од Тетовско во центрите Пелагонија (за 450 ВРЛ/1 недела) и Стив Наумов (за 300 ВРЛ/1 ден).



16-22 Јули

Помош за раселени лица.
Црвениот крст на град Скопје почна со дистрибуција на хуманитарна помош за привремено раселените лица од подрачјето на Скопска Црна Гора, тетовскиот и кумановскиот регион. Помошта се дели во дистрибутивните пунктови Момин Поток 2 и во ОУ "Никола Вапцаров".

Нови потреби.
Населението во липковскиот крај, како и раселените лица во Умин Дол, искажаа потреба од помош во сточна храна.



9-15 Јули

Дистрибуција за ВРЛ.
Хуманитарна помош од 950 пакети (со прехрамбени продукти и средства за хигиена) од Меѓународниот комитет на црвениот крст беше донирана за раселените лица од кризните подрачја, кои се сместени по домовите во Чичино село, Здравко Цветковски, Ранка Милановиќ, Сениќ, Партеније Зографски, Димитар Влахов и Стив Наумов. Инаку МКЦК врши дистрибуција на пакети со основни прехранбени продукти и тоа во првите два месеци од регистрацијата. Понатаму помошта треба да ја преземе друга агенција. Се најавува дека за 18,000 ВРЛ дистрибуцијата ќе ја врши италијанската организација Интерсос, финансирана од ЕЦХО.

Конвојот за Шипковица чека дозвола.
Конвојот со хуманитарна помош за селата од општина Шипковица, организиран од страна на Меѓународниот црвен крст, хуманитарните организации Ел Хилал, Класје на добрината идр. Се уште не добија одобрение од Министерството за внатрешни за да продрат во оваа област. Инаку во овие села се наоѓаат околу пет илјади жители, кои имаат потреба од хуманитарна помош поради ограничениот пристап кој трае два месеци.

Конвој со помош до општината Липково.
На 12 јули во општина Липково влезе конвој со хуманитарна помош, каде се наоѓаат околу 14 илјади жители (етнички албанци). Конвојот беше организиран од хуманитарните организации Натира (поддржана од АЦТ/МЦМС), Јета, Мајка Тереза, Класје на добрината, Мерхамет, Сојуз на жената Албанка и Флора. Помошта се состоеше од 18 камиони со 40 тона храна што е доволно за 2-3 недели. Помошта ќе им се подели на жителите во селата Оризаре, Липково, Отља, Слупчане, Ваксинце и др.

Помош за иселените етнички македонци.
Со посредство на Македонската православна црква во Тетово на 12 јули од Германија пристигнаа 600 пакети хуманитарна помош за жителите (етнички македонци) од селата Сетоле, Отуње, Јадоарце, Варвара, Брезно и Јелошник. Станува збор за 2.500 жители кои се иселија под притисок на екстремистите. Акцијата ја организираа неколку македонски црковни општини, здруженија и поединци.


3-8 Јули

Дистрибуција за ВРЛ. МЦМС на 06 јули обезбеди храна и хигиенски артикли за ВРЛ во двата колективни центри во Куманово и тоа: во хотел Кристал се сместени 170 лица, додека во хотел Куба 130 лица.

Исто така, во селото Чичино Село е дистрибуирана храна и хигиенски артикли за 99 раселени лица од селото Радуша.

МЦМС ја рагледува можноста за поширок одговор на потребите за храна на внатрешно раселените лица.

Хуманитарна акција.
Голем број ликовни уметници организираат хуманитарна акција наменета за раселените деца, што ќе тече од 01 јули до 01 август. Создадените дела ќе бидат понудени на аукција, додека сите собрани средства ќе бидат наменети за децата од раселените семејства од кризните подрачја.

Конвој со помош до општината Шипковица.
Работната група на Ел Хилал во Тетово и Класје на добрината, веќе од средата чекаат дозвола од МВР и Министерството за одбрана (МО) за да отиде конвојот со помош до општината Шипковица, која е одалечена околу 10 км од Тетово. Конвојот е стопиран од безбедносни причини.


24 Јуни - 3 Јули

Дистрибуција за ВРЛ.
Единствените организирани дистрибуции на храна за раселените лица, засега, се на Македонскиот црвен крст во соработка (МЦК) со Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) и на МЦМС. Дистрибуцијата се врши до колективните центри (МЦМС обезбеди иницијална помош во храна и хигиенски производи доволни за 20-25 дена) и до сите регистрирани внатрешно раселени лица (МЦК/МКЦК со стандардни пакети со основна храна и хигиенски продукти).

Конвој во Липково.
Хуманитарната организација Ел Хилал, на 25 јуни 2001 година, го организираше вториот конвој за Ликово, подрачје со ограничен пристап (во зоната на вооружен конфликт) каде што се уште има околу 15,000 лица цивилно население. Помошта во храна (брашно, шеќер, масло) и хигиенски производи, беше транспортирана со пет камиони.

Придонеси од граѓаните.
Надвор од ова, дел од граѓаните се самоорганизираат и собираат помош во вид на храна, облека и други потребни производи. Храната најчесто се доставува во верските објекти или во седиштата на општинските центри од каде што потоа се дистрибуира.

МЦМС ја рагледува можноста за поширок одговор на потребите за храна на внатрешно раселените лица.



11-24 Јуни

МЦМС дистрибуираше хуманитарна помош за внатрешно раселените лица. Дистрибуирани се пакети со храна и хигиенски пакети за 70 семејства раселени од селото Арачиново во општината Илинден. Овие семејства добија и по едно ќе бе и по една вреќа брашно (25 кгр.)

Втората дистрибуција е направена во тнр. колективни центри, всушност ученички домови и јавни институции во кои се сместени околу 800 раселени лица. Дистрибуирана е храна и хигиенски производи како и опрема за социјализација (телевизори, радија и сл.) во висина од околу 2.000.000 МКД.


до 10ти Јуни

Кон крајот на март и почетокот на април 2001 година МЦМС организираше дистрибуција на храна и хигиенски пакети за 3000 семејства во Тетово, Куманово, Скопје и уште во неколку места во кои имаше раселени лица. Дистрибуцијата се вршеше со локални партнери.

Nazad kon Pomosh