Novosti
Humanitarni Informacii
Pomosh
Pozadina na situacijata
Organizacii
Linkovi
Makedonski Centar za Megjunarodna Sorabotka
Action by Churches Together
  Владин акционен план за реконструкција



Република Македонија
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Координативно тело за справување со кризи
С К О П Ј Е



АКЦИОНЕН ПЛАН
за поправка и реконструкција
на оштетените објекти и сообраќајници
во кризните подрачја




Акциониот план за ангажирање на средствата од донаторите за покривање на штетите настанати како резултат на разурнувањата на куќите и сообраќајниците од воените дејствија во Република Македонија е подготвен од страна на експертскиот тим на Координативното тело за справување со кризи при Владата на Република Македонија.

Документот има за цел, пред донаторите, да ги презентира финансиските потреби за надомест на штетите во подрачјата во Република Македонија зафатени со воените дејствија.Покрај презентацијата на бројот на куќи и сообраќајници, категоризирани, за надомест на штетите, во документот се дадени проценки на износите на потребните финансисики средства за задоволување на презентираните приоритети, процедурите за имплементација на најавената финансисика помош и носителите и роковите за реализацијата на истите.

Документот треба да и послужи на донаторите во процесот на одлучувањето по прашањето на имплементацијата на најавената финансиска помош како од аспект на определување на извршителите на пооделните активности предвидени со Акциониот план така и од аспект на роковите за нивна реализација. Акциониот план е инициран со Рамковниот договор.


1. Координација на реализацијата на финансиската помош

Координацијата на релизацијата на финансиската помош од донаторите ке се остварува преку Координативното тело за справување со кризи. Извршно тело на Координативното тело за справување со кризи, во овој сектор, ке биде Комитет за поправка и реконструкција(КРИМ), согласно стратегијата за секторот каде се дадени и надлежностите на истиот, кој ке биде формиран од донаторите, агенциите на ЕУ/ОН и владината администрација. По потреба, Комитетот ќе вклучува и претставници од имплементирачките НВО и од локалната администрација.


2. Проценки на оштетените објекти

Координативното тело за справување со кризи формира експертски тим кој требаше да ги ангажира министерствата и во соработка со International Management Group (IMG), UNHCR и други агенции и невладени организации, да изврши проценување и утврдување на износот за компензација на дирекните штети настанати како резултат на непосредните воените дејствија во кризните подрачја, а особено на штетите кај уништените, запалените и оштетените домови и оштетената сообраќајната инфраструктура и како дополнителна обврска оштетените амбуланти, училишта и религиозни објекти.

Проценките се извршувани по програма, утврдена заедно со International Management Group (IMG), но истата поради безбедносни причини, се оддолговлечуваше, особено во општините и населените места со најголеми штети. Проценките беа извршувани од тимови составени од претставници на IMG (во случајот на Арачиново, UNHCR), претставници од Министерството за транспорт и врски и претставници на локалната самоуправа. Проценката на штети се извршуваше за да може заедницата на донатори да добие преглед за проценетите трошоци за штетитеа и општините. Основната акција на тимовите за проценка на штети на објекти беше вршење на категоризација на објектите според степенот на оштетување.


2.а. Станбени објекти - Куќи

Штетите се ставени во 4 категории. Четвртата категорија ги вклучува како уништените куќи, така и оние кои не се целосно уништени, но нивните оштетување се толку големи што поправката не вреди.

Во овој документ, во Табела 1, зададени се реално проценетите оштетени куќи 3.859, и, во Табела 2, претпоставен број оштетени куќи 1.549, по зададените населените места. Процентот на оштетувањата на проценетите и претпоставениот број куќи за секоја категорија е следниот:

  • Категорија 1 - 5-20% оштетување на 2.538 куќи
  • Категорија 2 - 20-40% оштетување на 1.455 куќи
  • Категорија 3 - 40-60% оштетување на 802 куќи
  • Категорија 4 - 60-100% оштетување на 613 куќи

Цената на чинење на поправката или реконструкцијата базично е земена од пресметките на IMG, за приземна новоградба, од 200 ЕУРО по м2. Истата во пресметките за проценетите објекти се множи со површината во основа на куќата, потоа со спратовите и со процентот на оштетување, за кој се користат специјално подготвени обрасци, со што се добива адекватна вредност изразена во ЕУРО, со која што би требало да се врати куќата во првобитна состојба.

За непроценетите населени места земени се број на оштетени куќи од различни извори (UNHCR, IRC, локална самоуправа), и користени се оние кои на некој начин се релевантни, но без амбиција дека се беспрекорно точни, дури е можна и грешка од повисок ранг. За овој претпоставен број на објекти и претпоставена категоризација,за пресметување на вредноста на поправките и реконструкцијата, користени се просечните вредности од проценетите објекти на вредноста поделена со бројот на проценетите објекти.

 

Населено место

Број на оштетени куќи

Вредност  (x 1000 EURO)

Кат 1

Кат 2

Кат 3

Кат 4

Вкупно

Кат 1

Кат 2

Кат 3

Кат 4

Вкупно

Куманово

8

6

2

16

28,27

67,86

53,52

149,65

Липково

938

869

387

379

2.573

4.103,79

10.016,03

7.310,69

9.599,95

31.030,46

Арачиново

796

229

79

60

1.164

2.195,20

2.287,24

1.296,00

2.029,52

7.807,96

Чаир

56

4

6

6

72

99,00

33,00

141,00

179,00

452,00

Чучер Сандево

76

65

45

35

221

268,53

735,13

817,75

936,64

2.758,05

Кондово

142

64

75

26

307

501,73

723,82

1.362,92

695,79

3.284,26

Вратница

6

2

8

21,20

36,34

57,54

Теарце

111

15

33

26

185

255,53

126,24

627,00

626,00

1.634,77

Џепчиште

113

32

23

5

173

458,40

414,05

413,58

110,04

1.396,08

Тетово

189

134

143

37

503

675,93

1.570,04

2.414,54

894,03

5.554,54

Шипковица

44

20

4

4

72

193,00

204,00

88,00

116,00

601,00

Маврови Анови

43

7

2

8

60

151,93

79,17

36,34

214,09

481,53

Чашка

1

1

1

3

1,00

5,00

35,00

41,00

Извор

14

14

462,00

462,00

Битола

15

10

2

10

37

14,00

199,00

25,00

453,00

691,00

ВКУПНО

2.538

1.455

802

613

5.408

8.967,51

16.455,57

14.574,17

16.404,59

56.401,84

%

47%

27%

15%

11%

100%

16%

29%

26%

29%

100%



Расчистувањето на градежниот шут настанат од воените активности е земено за категориите од 2 до 4, и тоа 120 м3 за секој објект со мултипликатор за категорија 2 - 10%, категорија 3 - 50 % и категорија 4 - 100 %, и помножени со пазарната цена за утовар, транспорт до 5 км и истовар.


2.б. Јавни објекти - Училишта, амбуланти и религиозни објекти

Штетите се ставени во 4 категории. Четвртата категорија ги вклучува како уништените објекти, така и оние кои не се целосно уништени, но нивните оштетување се толку големи што поправката не вреди. Описот на оштетувањата за секоја категорија е следениот:

  • Категорија 1 - 5-20% оштетување на 17 училишта, на 8 амбуланти и 16 религиозни објекти
  • Категорија 2 - 20-40% оштетување на 10 училишта, на 9 амбуланти и 9 религиозни објекти
  • Категорија 3 - 40-60% оштетување на 9 училишта, на 8 амбуланти и 8 религиозни објекти
  • Категорија 4 - 60-100% оштетување на 8 училишта, на 3 амбуланти и 4 религиозни објекти

Дел од објектите се реално проценети на терен, дадени во Табела 3, со затемнети букви и бројки, додека за преостанатите објекти има брзи проценки од различни извори (UNHCR, IRC, локална самоуправа), но во основа не се детално проценети така да и грешките се возможни. За овој претпоставен број на објекти и претпоставена категоризација, за пресметување на вредноста на поправките и реконструкцијата, користени се цени на коштање, поради тоа што деталните проценки за штетите се во тек, и не е можно ни приближно да се определи , земени се од пресметките на IMG за Косово, и дадени се во табеларниот дел.


2.в. Сообраќајници

Штетите кај сообраќајниците, дадени во Табела 4, се проценети и определени од можноста за пристап во одредено подрачје и за нив се користени пазарни цени во определувањето на вредноста на директните штети, т.е. воените штети и тековното одржување кои изнесуваат 3.064.610,00 ЕУРО.

Во табелата за штетите на сообраќајниците дадени се и инвестициони проекти кои би имале влијание на мерките за градење доверба во кризното подрачје, на инфраструктурната поврзаност и на економијата во РМ, во вредност од 28.215.430,00 ЕУРО, од кои како најважен приоритет е затварањето на финансиската конструкција на обиколката на Скопје.


3. Поправки и реконструкција на оштетените куќи и сообракајници



3.а. Потребна финансиска помош


Експертскиот тим на Координативното тело му предлага поправките и реконструкциите на оштетените куќи и сообракајници во кризните подрачја да се одвиваат каде од безбедносен аспект е можно извршување на одредени градежни активности. При тоа на донаторите и предлага за оваа намена да определи финансиска помош во износ од 63.836.870,00 ЕУРО по следните намени:

Тип на проект

Првична вредност

 (x 1000 EURO)

ПРИЛОЗИ

Станбени објекти

56.819,26

 

Категорија 1-4

39.066,00

Табела 1

Категорија 1

6.420,00

 

Категорија 2

12.746,00

 

Категорија 3

9.704,00

 

Категорија 4

10.196,00

 

Претпоставена вредност за непроценети куќи

17.335,84

Табела 2

Расчистување од градежен шут

417,42

 

Категорија 2  -  10%

52,38

 

Категорија 3  -  50%

144,36

 

Категорија 4 - 100%

220,68

 

Јавни објекти

3.953,00

Табела 3

Училишта

2.281,00

 

Амбуланти

476,00

 

Религиозни објекти

1.196,00

 

Сообраќајници

3.064,61

Табела 4

Патишта

2.497,44

 

Железница

567,17

 

ВКУПНО:

63.836,87

x 1000 EURO




3.б. Носители на активностите

Носители на активностите за реализација на финансиската помош за поправки и реконструкција на оштетените домови во населените места во кризните подрачја каде од безбедносен аспект е можно извршување на одредени градежни активности ке бидат Агенцијата за имплементација определена од донаторите или Министерството за транспорт и врски и Министерството за финансии.


3.в. Постапка и рокови за имплементација на финансиската помош

Постои широк опсег на опции за имплементација на програмите за реконструкција, но најмногу ке се употребуваат две различни стратегии, кои би можеле да се користат за испорака на помош, и тоа се договорена реконструкција и помогната реконструкција.

Овие две различни стратегии дефинираат еден многу широк обем на можни интервенции; но неколку критични критериуми се презентираат себеси, кои се релевантни на сите опции. Овие критериуми го вклучуваат потребниот степен на вклученост на агенцијата за имплементација, потребниот степен за учество на корисниците, логистички потреби, здружени трошоци, пристап до подрачјата и временска рамка.

Агенцијата за имплементација определена од донаторот и сопственикот на оштетената куќа ќе потпишат двопартитен договор во кој ќе се регулира начинот и постапката за изведувањето на градежните работи и за обештетување на настанатата штета за категорија 1 и 2.

Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за имплементација определена од донаторот и сопственикот на оштетената куќа ќе потпишат трипартитен договор во кој ќе се регулира начинот и постапката за изведувањето на градежните работи и заобештетување на настанатата штета за категорија 3 и 4.

Реализацијата на поправките и реконструкцијата на куќите и користење на средствата од финансиската помош би била во периодот октомври 2001 година - јуни 2002 година.


4. Приоритети на Акциониот план

Имајки ја во предвид правилната определба на приоритетите за решавање на штетите настанати како последица на воените дејствија во дел од кризните подрачја, експертскиот тим на Координативното тело за справување со кризи се определи на Координативното тело да му предложи приоритети за финансирање кои преставуваат неопходен услов за враќање на раселените лица во своите домови за создавање услови за градење на доверба помеѓу граѓаните од кризните подрачја. Како места во кои постои безбедност за извршување на одредени градежни работи за содавање на нормални услови на живеење во уништените, запалените или оштетените домови на граѓаните веќе се определени следниве села:

  • во скопското подрачје: Арачиново, Брњарци и Љуботен;
  • во тетовското подрачје: Порој, Џепчиште, Непроштено, Лешок и Теарце;
  • во кумановскто подрачје: Лопате, Опае и Матејче;
  • во битолско подрачје: Битола.

Покрај безбедносниот аспект овие места се определени од страна на Координативното тело и заради мешаниот национален состав кој ја потврдува заложбата за градење на мерки на доверба.

Во прва фаза, (до 31.12.01), најважно е да се извршат поправките на објектите со штети од 1 и 2 категорија, кои се и најбројни 3.993 куќи или 74% од вкупниот број, а од своја страна ангажираат 45% од потребните средства или 25.423.080,00 ЕУРО, расчистување на шутот со вредност од 417.420,00 ЕУРО, поправки кај железницата со вредност 567.170,00 ЕУРО и целосните поправки на училиштата и амбулантите независно од која категорија се, со вредност од 2.757.000,00 ЕУРО, или вкупно 29.164.670,00 ЕУРО.

Во втора фаза, (од 01.01.02 до 30.06.02), ке се извршуваат реконструкциите на куките со штети од 3 и 4 категорија со 55% од потребните средства или 30.978.760,00 ЕУРО, сообраќајниците со 2.497.440,00 ЕУРО и религиозните објекти со вредност од 1.196.000,00 ЕУРО, или вкупно 34.672.200,00 ЕУРО.

Експертскиот тим при Координативното тело им предлага на донаторите да ги имаат во вид набавките на матерјалите и опремата како и изведувањето на инвестиционите работи да бидат извршувани од македонски компании, секако по конкурентни услови и цени на работа, заради подршка на економијата на Република Македонија.

• • •

На крај експертскиот тим при Координативното тело за справување со кризи, уште еднаш го потенцира фактот дека се работи за првични проценки на потребната финансиска помош по приоритети и во текот на практичната имплементација на овој Акционен план можни се одредени корекци во завосност од брзината на имплеменатацијата на мирот во Република Македонија, можностите од безбедносен аспект да се реализираат зацртаните активности и брзината на враќањето на раселените лица во своите домови што преставува и основен приоритет во работењето. Доколку дојде до промени на направените согледувања за потребата од финансиска помош по одредени приоритети, експертскиот тим при Координативното тело во соработка со преставниците на донаторите и агенциите за имплементација ќе извршат соодветни корекции на износите и за тоа ќе ги информираат донаторите.


Географска дистрибуција на оштетените куќи (мапа)
Преглед на штетите по села и општини (табела)

Nazad kon Pomosh